БАРАЈ
 
АРХИВА | EN | AL
Македонија
Е-поштаПечатиСподели

Улична бркотница по крадец низ Кавадарци

19 март 2010, 17:10
Извор: Макфакс
Кавадарци

Дваесет и четиригодишниот О.К. е причина што вчера напладне се случила вистинска брканица низ кавадаречките улици. Бегалецот О.К бил забележан од полицијата крај училиштето „Тошо Велков“.

Сакале да го приведат но криминалецот  им се спротивставил и се дал во бегство. Така започнала полициската акција во која сите трчале, по сокаците до кејот на реката Луда Мара.

Бегајќи од полицијата О.К ја прегазил реката, но од другата страна го пресретнал еден од полицајците, кој за момент го фатил но не успеале да го додржат.

Затвореникот бегалец продолжил да бега незастанувајќи на повиците на полицајците и испуканиот куршум  во воздух.
Од кавадаречката полиција денеска изјавија дека брзо ќе го фатат криминалецот, кој најверојатно се крие во родното Кавадарци.

Од затворот во Гевгелија, избегал пред единаесет дена откако таму завршил пред неколку месеци за да издржува затворска казна во времетраење од 2,5 години за неколку кривични дела тешки кражби и насилства. /крај/лисица/

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.


Македонија

БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ