Иванов – Додик: Македонија и БиХ да се фокусираат на економската соработка
27 јануари 2012 14:06 GMT Извор: МакфаксМакедонија и Босна и Херцеговина, вклучително и Република Српска треба да се фокусираат на економската соработка и трговската размена, заклучија претседателите Ѓорге Иванов и Милорад Додик на денешната средба до Скопје.
Двајцата размениле на мислења за актуелните состојби во Југоисточна Европа. Претседателот Иванов истакнал дека и покрај значителниот напредок постигнат во изминатите години, на регионот му e неопходна јасна перспектива за напредок во започнатите интегративни процеси. Според Претседателот Иванов, земјите од регионот треба да продолжат на патот на намалување на пречките за меѓусебна трговија, натамошно политичко приближување и соработка, при што евро-атланските интеграции ја нудат најдобрата институционална форма.
Претседателот Додик, пак, го информирал Иванов за актуелните политички и економски состојби во Република Српска, како и во Босна и Херцеговина. Посебен акцент бил ставен на клучните предизвици со кои Босна и Херцеговина се соочува во моментов. Претседателот Иванов бил информиран за ставовите на Република Српска по тие прашања.
Иванов, од своја страна, на средбата го поздравил договорот за формирање на Советот на Министри на БиХ. /крај/со/ач
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.
Коментари
Нема коментари