Потврда за уште еден новинар од МРТВ дека бил кодош
27 јануари 2012 14:19 GMT Извор: МакфаксКомисијата за верификација на фактите на денешната седница потврди дека уште еден новинар вработен во МРТВ бил соработник на тајните служби.
Новинарот кој работел на програмите од етничките заедници не се произнел по решението на Комисијата дека бил соработник, па на денешната седница членовите само го потврдиле претходно донесениот заклучок.
Инаку, Уставниот суд во средата донесе одлука со којашто ја стопираше лустрацијата за поранешните функционери, новинарите, членови на разни организации, адвокати и медијатори. Сепак оваа привремена мерка на Судот не важи за новинарите од јавниот сервис.
Претседателот на Комисијата, Томе Аџиев вели дека чекаат Уставниот суд писмено да ги извести за привремената мерка, па потоа ќе видат што понатаму./крај/фф
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.
Коментари
Нема коментари