Иванов ќе ги одликува ракометарите
27 јануари 2012 17:34 GMTМакедонскиот претседател Ѓорге Иванов попладнево најави дека ќе ги одликува македонските ракометари со Медал за заслуги за Македонија за освоеното петто место на Европското првенство.
Иванов ова го изјави на Плоштадот Македонија во живо за ТВ Сител непосредно по натпреварот Македонија- Словенија 28:27, со кој нашите ракометари изборија историско учество во квалификациите за Олимписките игри.
Нашите ракометари со постигнатиот резултат можеби не заслужија медал на Европското првенство, но со прикажаните игри заслужија да бидат одликувани и ќе добијат Медал за заслуги за Македонија, изјави Иванов, кој веднаш по натпреварот им се приклучи на насобраните граѓани, кои ја прославуваа големата победа.
Македонскиот претседател рече дека ракометарите заслужуваат да им биде приреден величенствен пречек, а кажа и дека прикажаната игра на првенството буди оптимизам дека може да се избори пласман на Олимпијадата во Лондон
Со идентичното обележје, Иванов летоска ги одликуваше и кошаркарите кои на Европското првенство го освоија четвртото место. /крај/ап/
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.
Коментари
Нема коментари