03 февруари 2012 - 03:46 PM
Формиран Управувачки комитет за препораките на ОБСЕ/ОДИХР
Изборното законодавство и ажурирањето на избирачкиот список се двете клучни области на кои ќе се фокусира Управувачкиот комитет за адресирање на препораките од Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори 2011 година, што денеска беше конституиран во Скопје.
Изборното законодавство и ажурирањето на избирачкиот список се двете клучни области на кои ќе се фокусира Управувачкиот комитет за адресирање на препораките од Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори 2011 година, што денеска беше конституиран во Скопје.
Комитетот се воспоставува со цел да се координираат активностите за адресирање на препораките од Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори кои се нотирани и во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија.
„Со формирањето на Управувачкиот комитет се воспоставува механизам за координација на активностите за адресирање на препораките од Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори. Целата е да се отворат сите прашања и препораки поврзани со изборниот процес и да се најдат решенија кои ќе придонесат за понатамошно унапредување на изборите", изјави вицепремиерот Теута Арифи, која ќе претседава со комитетот.
„Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја поздравува иницијативата на Владата да формира Управувачки комитет за прашањата поврзани со изборниот процес и во координација со ОДИХР е подготвена да даде поддршка и експертиза и на тој начин да придонесе за унапредувањето на изборните процедури и практики", рече амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет.
Во комитетот ќе членуваат министрите за надворешни работи, за правда и за внатрешни работи, претседателот на Државната комисија, извршниот директор на Граѓанската асоцијација МОСТ како и амбасадорите на ОБСЕ, Делегацијата на ЕУ и САД. /крај/со/ач
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна