22 февруари 2012 - 03:57 PM
Без улично осветление уште неколку дена
Кон крајот на неделата би можело да се премине кон постепено вклучување на уличното осветлување на деловите и регионите каде што ќе постои техничка можност за тоа состојбата се подобри.
Кон крајот на неделата би можело да се премине кон постепено вклучување на уличното осветлување на деловите и регионите каде што ќе постои техничка можност за тоа состојбата се подобри.
Ваков заклучок е донесе на денешната седница на Комисијата за кризна енергетска состојба, на кој беше разгледан предлогот на Министерството за економија за повторно вклучување на уличното осветлување во државата.
Комисијата го разгледала извештајот од последното деноноќие и утврдила дека условите почнуваат да се нормализираат.
Според последните показатели, временските и електроенергетските состојби не се подеднакво подобрени во сите региони од државата, па со цел да се одржи стабилноста на електроенергетскиот систем, неопходно е мерките од Уредбата за електро-енергетска кризна состојба да останат на сила уште неколку дена. /крај/со/ап/
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна