Makfaks

22 февруари 2012 - 04:00 PM

Уште една кривична пријава за велешкиот бизнисмен Илија Тепев

Велешката полиција поднесе уште една кривична пријава против поранешниот доминантен сопственик и извршен директор на транспортната компанија „Транс Велес, кој го сомничи дека пред десет години ја злоупотребил

Велешката полиција поднесе уште една кривична пријава против поранешниот доминантен сопственик и извршен директор на транспортната компанија „Транс Велес, кој го сомничи дека пред десет години ја злоупотребил службената положба.

 

Извршниот директор кој е и доминантниот сопственик на автотранспортното претпријатие  земал заем од „Тедико",  фирма која била 100 проценти негова сопственост. Како гаранција за земените пари тој во  залог ставил 206 возила на автотранспортното претпријатие. Четирите договори за заем, со кои полицијата се сомнева дека е сторено кривичното дело се направени во 2002 година.

 

 

„Како Управител со неограничени овластувања и Извршен директор на ДАТШ „Транс Велес" АД Велес, а во истовреме како сопственик и единствен содружник на ДПТУ Тедико ДООЕЛ увоз-извоз Велес, иако ја знаел финансиската состојба за несолвентност на друштвото - односно неможност да ги подмирува финансиските обврски, со намера да се стекне со противправна имотна корист склучил четири фиктивни договори за заем на парични средства во вкупен износ од 15 000 000 денари и 750 000 евра помеѓу заемодавачот „Тедико" и заемопримачот „Транс Велес", рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

 

„Транс Велес" никогаш не ги вратил парите на „Тедико", па фирмата ги зела возилата. Така според полицијата „Тедико" противправно се здобил со имот  вреден 54 милиони денари.

 

Инаку Тепев, против кој СВР Велес до Основното  јавното обвинителство поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената должност повеќе од три години не е во Македонија. Претходно е пријавуван и осудуван е за слични кривични дела. За него полицијата има распишано меѓународна потерница./крај/лисица/фф


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари