Makfaks

31 јануари 2012 - 12:37 PM

Македонскиот тенор Благој Нацоски ќе настапи во театарот „Карло Феличе“

Македонскиот тенор Благој Нацоски за првпат ќе учествува во операта „Ромео и Јулија“ од Шарл Гуно во театарот „Карло Феличе“.

Македонскиот тенор Благој Нацоски за првпат ќе учествува во операта „Ромео и Јулија“ од Шарл Гуно во театарот „Карло Феличе“.

Пробите се во тек, а премиерата ќе биде изведена на 24 февруари во 20:30 часот. Улогата на Ромео ја толкува Андреа Бочели, а Јулија е Маите Алберола од Шпанија.

Освен познатиот тенор Бочели, во оваа продукција има уште две звучни имиња од светската оперска панорама. Диригентот Фабио Луизи, кој е музички директор во Метрополитен Опера од Њујорк и режисерот Жан Луј Гренда, директор на операта од Монтекарло.

Предвидени се и пет репризи до 4 март, а дискографската куќа „ДЕКА“ ќе сними ДВД и ЦД. И покрај тоа што најниските цени на билетите изнесуваат 170 евра, сите претстави се веќе распродадени, а раководството на театарот размислува да воведе уште претстави.

„За прв пат ќе ја толкувам улогата на Тибалт кој на сцената е братучед на Јулија и голем ривал на Ромео. Чест ми е што ќе бидам “убиен“ токму од Анреа Бочели со кој ќе настапам за прв пат“, изјави Нацоски. /крај/со/ст


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари