Makfaks

31 јануари 2012 - 02:40 PM

Милер: Грција мора да ги симне оковите на еврото

Грција мора да ги симне прангите на еврото за да опстане, доколку не сака постојано да бара помош од владите во еврозоната, смета претседателот на надзорниот одбор на германската „Commerzbank“, Клаус-Петер Милер.

Грција мора да ги симне прангите на еврото за да опстане, доколку не сака постојано да бара помош од владите во еврозоната, смета претседателот на надзорниот одбор на германската „Commerzbank“, Клаус-Петер Милер.

„Колку им се потребни, уште 15 милијарди? Ако мислите дека тоа се последните 15 милијарди коишто погрешно ги пресметале, тогаш нека ви е со среќа“, изјавил Калус-Петер Милер на собирот на банкарската структура во понеделникот во Франкфурт, пренесува Reuters.

„Ќе бараат уште и на тоа нема да има крај, освен ако навистина не спроведат структурни реформи, но за тоа нема да им бидат доволни две до три години, туку 20, 30 или 40 години“, дополнил Милер.

Претседател на надзорниот одбор на германската банка „Commerzbank“ рекол и дека Грција не би имала никаква полза од тоа што владите во еврозоната и натаму би ја принудувале да ги носи „оковите“ на единствената европска валута, која овозможува само внатрешни прилагодувања по пат на намалувањето на потрошувачката и на платите.

„Кога сé ќе се земе предвид, на Грците им е потребна валута којашто можат да ја девалвираат“, изјавил Милер, додавајќи дека ќе мине многу време пред владата во Атина да може одново да гради ефикасни структури за да ја поврати конкурентноста.

Атина и нејзините партнери во Европската унија долго време ја исклучуваа можноста на грчкото истапување од еврозоната, што би можело да ја подбутне ЕУ во уште подлабока криза. Потоа на почетокот од јануари, портпаролот на грчката влада сепак изјави дека земјата ќе мора да ја напушти еврозоната доколку со меѓународните кредитори не успее да го договори вториот пакет помош во висина од 130 милијарди евра./крај/ро/мф/сн


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

1 коментар

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

1 коментар

 

jovan

06.02.2012 10:59
 

подбутне

 
  vote_up13     vote_down11
 
Одговори