Makfaks

31 јануари 2012 - 09:42 PM

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заедно ги осудуваат инцидентите во Струга

Коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на заедничка средба, ги анализираа последните случувања во државата, особено тие во регионот на Струга и заеднички ги осудија сите дејстивија кои имаат директно или

Коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на заедничка средба, ги анализираа последните случувања во државата,  особено тие во регионот на Струга и заеднички ги осудија  сите дејстивија кои имаат директно или индиректно влијание врз една од највисоките вредности на нашето општество - меѓуетничките и меѓуверските односи.

 

„Меѓуетничкото, а особено меѓуверското почитување има долга традиција во Република Македонија, затоа не смееме да дозволиме поедини провокации на спортски натпревари, културни манифестации, но и вандалски акти  врз верски објекти, да ги нарушат истите, ниту смееме да дозволиме да бидат повод за внесување на дополнителна недоверба и непочитување кон државните симоли. Затоа коалиционите партнери најостро се оградуваат и ги осудуваат истите" се вели во заедничкото соопштение на ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ.

 

Коалиционите партнери,како што стои во соопштението,  поддржуваат разрешување на случаите на провокации и насилство, кои се во правец на нарушувањето на добрите меѓуетнички и меѓуверски односи. 

 

Ги повикуваат  сите граѓани на Македонија, без разлика на нивната етничка или религиска припадност, да не подлегнат на провокациите и да ја сочуваат ладнокрвноста, и со тоа да придонесат кон сочувување на соживотот во нашата земја. /крај/со/фф


 


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари