02 февруари 2012 - 11:40 AM
Трагедија во Египет, најмалку 73 загинати на фудбалски натпревар
Најмалку 73 лица загинаа, а 1.000 се повредени во судирите кои се случија по фудбалскиот натпревар во египетскиот град Порт Саид, јави египетската државна телевизија.
Најмалку 73 лица загинаа, а 1.000 се повредени во судирите кои се случија по фудбалскиот натпревар во египетскиот град Порт Саид, јави египетската државна телевизија.
Домашниот тим Ал Масри го победи шампионот Ал Ахли со 3:1, а по натпреварот, навивачите на двата тима започнале да фрлаат, едно кон други со камења, по што настанала масовна тепачка.
Хаосот се насетуваше уште на почетокот на второто полувреме, кога домашните навивачи влетаа на теренот, откако нивниот тим успеа да го израмни резултатот. Поради тоа, мечот беше прекинат седум минути, а судијата донесе погрешна одлука кога реши натпреварот да продолжи. Откако мечот продолжи Ал Масри направи целосен пресврт со што му го нанесе првиот пораз на Ал Ахли по цели 14 месеци.
Откако судијата отсвири крај на натпреварот, домашните навивачи повторно влетаа на теренот, и додека едни славеа со своите миленици, други започнаа да ги бркаат по теренот гостинските фудбалери, по што веднаш судирите се префрлија на трибините. крај/мф/нц
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна