Makfaks

02 февруари 2012 - 12:01 PM

Попоски и Бесими во Вашингтон лобираат за влез во НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за одбрана Фатмир Бесими синоќа во Вашингтон ги презентираа аргументите зошто Македонија треба да биде дел од НАТО.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за одбрана Фатмир Бесими синоќа во Вашингтон ги презентираа аргументите зошто Македонија треба да биде дел од НАТО.


На вечерата организираа во македонската амбасада, присуствувале истакнати личности од американската администрација и претставници на тинк-тенк заедницата од САД, меѓу кои Доналд Рамсфелд, поранешен секретар за одбрана на САД и Дејмон Вилсон, потпретседател на Атланскиот совет на САД.


Двајцата министри информирале за аспирациите на Владата и граѓаните на Македонија за интеграција во евро-атлантските структури. На вечерата, бригадниот генерал Вилијам Рој, поранешен командант на македонските војници во Авганистан, го истакнал нивниот висок професионализам во Мисијата во Авганистан.


Присутните се согласиле дека Македонија ги исполнува условите за влез во НАТО и заслужува да биде членка на Алијансата, со што ја потврдија поддршката која САД во континуитет ја дава на Македонија кон нејзината евро-атланска интеграција. /крај/со/ач

 


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари