Makfaks

02 февруари 2012 - 06:02 PM

Бесими: ФИРОМ е едно од решенијата за влез во НАТО

Република Македонија во рамки на ОН веќе ја користи привремената референца. Тоа е едно од решенијата кое е дефинирано уште од осамостојувањето на Македонија, како можност да членува во меѓународните институции.

Република Македонија во рамки на ОН веќе ја користи привремената референца. Тоа е едно од решенијата кое е дефинирано уште од осамостојувањето на Македонија, како можност да членува во меѓународните институции.

Ова денеска во интервју за Гласот на Америка програма на македонски јазик го изјави македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими, одговарајќи на прашањето дали Македонија би се согласила да влезе во НАТО под референцата ФИРОМ.

Според Бесими, независно од исходот на самитот на НАТО во Чикаго, Македонија треба да продолжи со остварување на целта – евроатланската интеграција. 

„Македонија треба да работи за својата цел – тоа се евроатланските интеграции – до и после Чикаго.  Ако стане, или ако не стане членка во Чикаго, интересот на Република Македонија во однос на спроведувањето на реформите и стандардите на НАТО е нејзин стратешки приоритет во правец на безбедноста и стабилноста“, вели Бесими.

Министерот за одбрана за време на денешната посета на Пентагон се сретна со заменик-помошникот секретар за одбрана Џозеф МекМилан, при што било разговарано за унапредување на соработката меѓу САД и Македонија на армиски план. 

„На средбите во Пентагон се потврди тоа што постојано го слушаме од САД - дека се наш сериозен и стратешки партнер.  Поддршката на САД за членство во НАТО и натаму останува, со тоа што како членка на Алијансата, укажуваат на потребата да имаме заедничко прифатливо решение за надминување на разликите со Грција“, рече Бесими.

За евентуалното зголемување на бројот на македонски мировници во мисијата ИСАФ во Авганистан, министерот Бесими најави дека Македонија ќе ги следи чекорите на земјите – членки на НАТО.

„Засега остануваме на истата бројка војниците кои ги имаме во Авганистан“, рече министерот.

Првиот човек на македонската одбрана најави единствено зголемување на бројот на обучувачи на воената полиција на Авганистан – заеднички проект со Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.

Бесими имал и одвоена средба со заменик-помошникот државен секретар Филип Рикер, а во советодавната организација Атлански совет на затворена седница заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски во четврток ќе ги изложи македонските позиции за членство во НАТО.

Во Конгресот, Бесими се сретнал со конгресмените од Њујорк, Њу Џерси и Северна Каролина, Елиот Енгел, Бил Паскрел и Дејвид Прајс./крај/воа/ап/


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари