Makfaks

03 февруари 2012 - 05:51 PM

Македонија и Србија со соработка во областа на безбедноста храна

Договор за фитосанитарна соработка и договор за соработка во областа на безбедноста на храна и ветерината потпишаа денеска во Белград Македонија и Србија.

Договор за фитосанитарна соработка и договор за соработка во областа на безбедноста на храна и ветерината потпишаа денеска во Белград Македонија и Србија.

Договорите се потпишуваат со цел да се обезбеди непречен промет на растенија, растителни производи и производи од животинско потекло.

Фитосанитарната соработка ја потпишаа министерот Љупчо Димовски и неговиот српски колега Душан Петровиќ, а соработката во областа на ветерината и безбедноста на храната ја потпишаа Петровиќ и директорот на Агенцијата за храна и ветерина Дејан Рунтевски.

Договорот за фитосанитарна соработка е склучен за период од пет години и ќе ги штити териториите на двете држави од внесување штетни организми преку растенијата и растителните производи и ќе ги ограничува загубите кои настануваат како последица на нивното дејство.

Министрите Димовски и Петровиќ истакнаа дека договорот за фитосанитарна соработка е во склад со меѓународната конвенција за заштита на растенијата и дека истиот ќе ги подобри билатералните односи помеѓу Македонија и Србија.

Договорот за соработка во областа на ветерината и безбедноста на храната е исто така склучен за период од пет години, со цел унапредување на соработката и полесен промет со животни и производи од животинско потекло, храна и храна за животни, без ограничување на меѓусебната трговија, со што ќе се зачува здравјето на луѓето и животните. /крај/со/ап/


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари