04 февруари 2012 - 08:23 AM
Забранет сообраќајот за камиони на патот Струга-Ќафасан
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно, во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно, во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниoт правeц Струга - г.п. Ќафасан.
Слаб снег провејува на Попова Шапка. Појава на магла има на Попова Шапка со видливост од 100 до 150 метри, на планинскиот превој Стража од 50 до 60 метри, Крушево од 100 до 150 метри и Гевгелија од 100 до 150 метри.
Особена внимателност на патните правци Катланово - Велес и Дебар - Струга поради почеста појава на одрони.
До сите возачи се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
На граничните премини не се забележуваат подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. /крај/амсм
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна