04 февруари 2012 - 08:55 AM
НБА: Вејд ја освои Филаделфија
Десет натпревари се одиграа во НБА лигата, на кои победи забележаа фавортите Мајами, Оклахома, ЛА Лејкерс...
Десет натпревари се одиграа во НБА лигата, на кои победи забележаа фавортите Мајами, Оклахома, ЛА Лејкерс...
Двејн Вејд постигна 26 поени, Леброн Џејмс имаше двоен ефект од 19 поени и 13 скока, а Мајами забележа убедлива победа во Филаделфија од 99:79. Тадеус Јанг беше најефикасен со 16 поени кај Филаделфија, која го забележа третиот пораз на домашен терен, во 15-от натпревар сезонава.
Лидерот во НБА лигата, Оклахома го победи Мемфис со 101:94, благодарение на трилингот кошаркари кои постигнаа над 20 поени: Кевин Дурент (36 поени и 10 скока, Џејмс Харден 24 поени и Расел Вестбрук 21 поен). Мемфис, каде петмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени го предводеа Марк Гасол со 24, односно Руди Гај со 23 поени.
Денвер, по победата над Клиперси, не успеа да го победи и вториот тим од Лос Анџелес, Лејкерси. „Езерџиите“ забележаа победа од 93:89, во која Ендрју Бајнам постигна 22, Коби Брајант 20 поени, а Пау Гасол имаше учинок од 13 поени и 17 скока.
Њујорк никако да излезе од кризата, еденаесетиот пораз, во тринаесетиот натпревар, Никс го запишаа во Бостон. Селтикс предводени од Пол Пирс, кој постигна 30 поени, забележаа минимална победа од 91:89.
Поразите на актуелниот првак Далас не се изнендување, особено, ако противник му е одличниот состав на Индијана. Пејсерс, во Далас забележаа победа од 98:87, најмногу поради учинокот на Пол Џорџ кој постигна 30 поени, еднаков број на кошеви на спротивната страна постигна Дирк Новицки. На останатите натпревари:
Орландо-Кливленд 102:94
Торонто-Вашингтон 106:89
Детроит-Милвоки 88:80
Њу Џерси-Минесота 105:108
Хјустон-Феникс 99:81. крај/мф/нц
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна