04 февруари 2012 - 09:56 AM
Премиер лига: „Црвените ѓаволи“ му гостуваат на Челзи
Челзи-Манчестер Јунајтед и Ливерпул-Тотенхем се дерби натпреварите, во рамките на 24-то коло, во Премиер лигата.
Челзи-Манчестер Јунајтед и Ливерпул-Тотенхем се дерби натпреварите, во рамките на 24-то коло, во Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед заедно со градскиот ривал Сити се наоѓа ма лидерската позиција, додека Челзи, кој сезонава делува неубедливо, во дербито влегува од четвртото место со 12 бодови помалку од „црвените ѓаволи“.
Јунајтед, на последните пет средби има три победи и два порази, додека има две победи и нерешени средби и еден пораз.
Интересен меч се очекува и во Ливерпул, каде „црвените“, кои се поприлично неубедливи на домашен терен ќе го пречекаат Тотенхем кој сеуште не се откажал од борбата за шампионската титула. Тотенхем зад Сити и Јунајтед на третото место заостанува пет бода.
Манчестер Сити во ова коло ќе го пречека Фулам и се освен победа на „граѓаните“ ќе биде првокласна сензација.
Њукасл, кој има четири победи на последните пет средби, ќе ја пречека Астон Вила, додека Арсенал кој загуби на три од последните пет средби за противник ќе го има Блекбурн. Комплетни резултати:
Сабота, 4. февруари:
Арсенал-Блекбурн
Норич-Болтон
КПР-Вулверхемптон
Стоук-Сандерленд
ВБА-Свонси
Виган-Евертон
Манчестер Сити-Фулам
Недела, 5.февруари:
Њукасл-Астон Вила
Челзи-Манчестер Јунајтед
Понеделник, 6.февруари:
Ливерпул-Тотенхем. крај/мф/нц
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна