Makfaks

07 февруари 2012 - 04:12 PM

Иранските канали за шверц на нафта од Ирак

Во изминативе неколку години, производството на нафта во јужниот регион на Ирак со шиитско мнозинство е во постојан пораст, што се должи на активирањето на супергигантските извори во Румаила, Западна Курна Фаза 1 и Зубајр, кој беа дадени под кконцесија на странски компании во 2009 година.

Во изминативе неколку години, производството на нафта во јужниот регион на Ирак со шиитско мнозинство е во постојан пораст, што се должи на активирањето на супергигантските извори во Румаила, Западна Курна Фаза 1 и Зубајр, кој беа дадени под кконцесија на странски компании во 2009 година. Ирак лежи на потврдени резерви на сирова нафта од 115 милијарди барели, од кои повеќе од 80 проценти се на југот и со тоа за една деценија лесно може да му конкурира дури и на дневното производство на Саудиска Арабија од околу 10 милиони барели дневно (мбд).

Иран е особено заинтересиран за можноста да се зголеми производството на нафта во јужен Ирак. Техеран веќе има изградено комплексна мрежа за шверц на нафта, која му носи значителен приход. Овие фондови му овозможуваат на Иран да го задржи своето влијание во регионот, додека истовремено се подготвува да се одбрани од многу построгуите санкции врз неговиот извоз на нафта.

Планови за експанзија на нафтата во јужен Ирак

Најголемиот дел од ирачката нафта лежи во огромни и плитки нафтени полиња, многу блиску до брегот и до транзитните линии кои не минуваат низ населени места. Поради ова, црпшењето на нафтата е релативно лесно и ефтино, а оттаму и многу профитабилно. Но, годините инати под санкции и во војни и востанија ја десткуваа транспортната инфраструктура на земјата. Според агенцијата за вреднување на нафтата Platts, ирачкото производство на нафта во 2011 година порасна до просечни 2,653 мбд, зголемување од 12 проценти во однос на 2010 година. Податоците од ирачкото Министерство за нафта посочуваат дека земјата има производствен капацитет од околу 2,9 мбд, а во тек се напорите до крајот на годинава да се достигне производство од 3,4 мбд. Проблемот е во тоа што Ирак не успеа да ги комплетира клучните надоградби на својата извозна и складишна инфраструктура, кои се неопходни за да се справи со зголеменото производство на нафтата. Оттаму, производството на нафта во јжен Ирак е ограничено со количината која може да ја извезе, а таа сега изнесува околу 1,89 мбд.

За да го ублажи тоа тесно грло, Ирак планира амбициозен проект до крајот на 2014 година да го прошири извозниот капацитет на нафтените терминали во Басра до 4,8 мбд. До 2014 година треба да бидат комплетирани четири единечни товарни докови, секој од нив ќе додаде по 850 до 900.000 мбд на постоечкиот капацитет. Проектот постојано се соочува со одложувања: инаугуратуивната свеченост за првиот док требаше да се одржи на 25 јануари и беше одложена по трет пат, иако член на ирачката влада тврди дека терминалот ќе биде подготвен за танкерите во фебруари, откако ќе се тестираат конекциите со цевководите. Вториот терминал треба да биде готов за шест месеци, третиот до крајот на 2012 година, а четвртиот до крајот на 2013 година.

Иранскиот влог во ирачката нафта

Иако е малку веројатно дека Ирак ќе успее да ги исполни сите производствени цели и крајни рокови, нема сомнеж дека земјата има шанса за релативно кратко време значително да го крене својот енергетски статус. Бидејќи поголемиот дел од овие активности се одвиваат во шиитски југ на Ирак, во близина на Персискиот залив, држава која е најзаинтересирана за ирачките енергетскиможности е Иран.

Кога САД го компетираа повлекувањето на својата армија од Ирак кон крајот на 2011 година, тие оставија подотворена врата за Иран да оже даси го консолидира своето влијание во енергетски богатата земја во срцето на рапскиот свет. Влијанието на Иран, и самиот доминантно шиитска држава, е насилно на југот на Ирак, акде што живее мнозинско шиитско население. Иако многумина од шиитските ирачки политичари се противат на тоа, иранските геополитички амбиции од јужен Ирак да направи своја продолжена рака и сот оа да си овозможи индиректен, но огромен пораст во неговиот удел на глобалниот пазар на енергенси. Со интензивирањето на американските санкции за иранската нафта, ова е особено клучна цел за Техеран.

Иран е добро позициониран да ги собере бенефициите од зголеменото ирачко производство на нафта. Според изворите на Stratfor, околу 10 проценти од производството на нафта во регионот на Басра завршува како шверц, од кои поголемиот дел како ирански извоз. Пазарнатавредност на вкупното количество кое секојдневноп се краде од Ирак е околу 20 милиони долари, што обезбедува богат извор на финансии кои служат за заштита на Иран од тековните и идните санкции.

Иранско-ирачката шверцерска рута

Главната шверцерска рута од Ирак кон Иран започнува крај нафтенуиот терминал Кор ал-Зубајр, каде што се слева главнината од нафтата од ирачкиот југ. Шверцерите прават дупки во цевководите кои водат до терминалот и ги товарат наполнетите канистери со нафта на мали бродчиња. Бродчињата се прозведуваат локално, во Басра и вообичаено имаат носивост помеѓу 70 и 120 барели нафта. Од таму, бродчињата ја носат сировата нафта низводно по водениот тек на Кор ал-Зубајр и надвор во Персискиот залив, каде што се товари на танкери кои ја носат нафтата во Иран.

Кражби се слушуваат и подолу на шверцерската рута, во близина на полуостровот ал-Фо, каде што шверцерите прават дупки во подземите нафтоводи, употребувајќи хидраулични дипчалку за да ја намалат опасноста од пожари. Поголемиот дел од нафтата истекува во вештачките езера во таа област, каде што доаѓаат танкери и ја товарат. Од островот ал-Расас во близина н аполуостровот, сировата нафта патува со брод нагорно по текот на реката Баманшир (притока на реката Карун) до рафинеријата во Абадан во Иран, каде што се процесуира и се извезува.


Исто така се шверцува и по реката позната како Шат ал-Араб, иако со многу помал обем поради опасната конфигурација на овој воден пат и честите контроли. Најчесто се користат брзи ирачки чамци за да сеоднесе нафтата до иранските територијални води, каде што ја истовараат, но оваа рута е многу скапа поради бројните подмитувања кои мора да се платат по пат.

Здивеното шверцување долго време е одлика на ирачкото производство на нафта, поради поставеноста на инфраструклтурата и деловната пракса, кои оставаат многу простор за кражба. Мерните системи за протекот на нафтата и откривање на прекините се честа појава во Басра и во Кор ал-Забајр, но речиси и да ги нема долж остатокот од нафтоводите. Многу од мерачите се оштетени и намерно не се поправаат за да се олесни шверцот. Згора на тоа, функционерите од Басра кои се вклучени во нелегалната трговија со нафта се познати по тоа што постојано ги одложуваат поправките на нафтоводите за да им дадат на шверцерите повеќе време за кражба.


Иранската шверцерска мрежа во Ирак

Иран поседува широка мрежа на политичари, нафтени здруженија и картели, но и милиции кои гои збираат бенефициите од зголеменото производство на нафта во јужен Ирак. Многуте играчи и комплицираните идеологии од кои е сочинет пејсажот на ирачките шиити го присилуваат Иран да влоѓи огромни ресурси и време во менаџирањето на разните моќници во нафтената индустрија на јужен Ирак. Оваа разновидност исто така му овозможува на Иран да ги насочува страните едни против други, што му овозможува да ја задржи контролата врз шверцерската мрежа.

Политички групи

Идеално, Иран би сакал јужен Ирак да прерасне во единствена држава доминирана од шиити, во рамките на една ирачка федерација која би била ирански сателит. Теоретски, таквата држава би му овозможила Иран да изделка една подефинирана сфера на влијание меѓу ирачките шиити, што би му помогнало да ги менаџира битните задачи како што е дистрибуцијата на приходите од нафтената шверцерска мрежа. Иранската желба за посебна шиитска држава во Ирак објаснува зошто најблискиот ирачки сојузник на Иран, Исламскиот вип совет на Ирак, беше најжесток противник во парламентот на Ирак да се создаде единствен шиитски регион на југот на земјата. Како и да е, поголемиот дел од шиитските групи на југот, како што е партијата Дава, Садристичккот движење и партијата ал-Фадила и се спроивставија на таа идеја. Овие групи тесно соработуваат со Иранците, но сепак се националисти и се уште смнетаат дека трба да ја задржат политичката автоноија од Иран.

Ал-Фадила е најдалбоко навлезена во бизнисот со шверц на ирачката нафта. Жителите на Басра се познати по тоа што партијата ал-Фадила, што на арапски значи „доблест", ја нарекуваат „Исламска нафтена партија". Партијата е строго ирачко националистички настроена и пружа силен отпор на тоа Багдад во регионот да донесе повеќе странска експертиза на од страв дека ќе им попушти стегата која ја имаат врз регионот, но нивниот лидер, шеик Мохамад Јакуби, е во пријателски односи со Иран. Ал-Фадила има значителен удел во „Јужната нафтена компанија на Ирак" и одржува силни врски со синдикатот на вработерните во нафтената индустрија во Басра. Партијата вообичаено им плаќа на вработените воомпанијата,кои соработуваат со нив при кражбата на нафтата, од пет до десет илјади долари за дотур на 1.000 барели. Ал-Фадила е исто така лидерт во јужен Ирак кога се работи за користење на приходите од нафтата за да се купи верноста на локалните политички групи, на бандите и на полцијата во Басра.

Милиции

Иран игра значајна улога во менаџирањето на разните илиции инволвирани во шверцот на нафта во јужен Ирак. За возврат за тоа што ги заштитуваат иранските енергетски интереси и го елиминираат отпорот кон шверцерските мрежи раководени од Иран, милициите добиваат голем дел од профитот. Кога една милиција ќе стане премногу моќна Иран, типично за него, наоѓа начин да и ја намали моќта со создавање на ривалски одметнати групи и преку интегрирање на членовите на милицијата во безбедносниот апарат, а понекогаш дури и во политичкиот процес. Иранската стратегија при менаџирањето на Ирак е да ги менува клучните шиитски лидери со кој соработува, за никој да не стане премногу моќен за да почне да размилсува за осамостојување или вртење против Иран. Оваа динамика е најдобро илустрирана преку справувањето со ирачкиот националистички шиитски лидер Муктада ал-Садр и неговата армија Махди, со Асаиб Ал ал-Хак (кој се одметна од садритите со поддршка на Иран) и со подемот на бригадите на Хезболах во иранската шверцерска мрежа.

Ал-Садр и неговите следбеници традиционално се жестоки националисти и постојано се дистанцираа од Иран. Кога Каис ал-Казали, кој учел кај татко му на ал-Садр, Големиот ајатолах Мохамед Садик ал-Садр, се одметна од садристите во 2004 година и формираше своја фракција, Иран разви блиски врски со групата на казали. Казали на крајот си формираше своја сопствена милиција, Асаиб ал-Хак (Лига на правичните), со огромна иранска финансиска и воена помош.

Во 2007 година, ал-Садр, соочен со заканите од армијата на САД и од ривалските шиитски милиции, пребегна во Иран. Ал-Садр во 2008 година објави дека ќе ја разформира армијата Махди, во замена за влез во ирачката влада. Садритите сега имаат 40 седишта во парламентот, мнозинство во владеачката шиитска коалиција во парламентот и контролираат седум министерства, иако самиот ал-Садр и натаму е под силно иранско влијание.

Додека бледнееше моќта на садритите на југот на земјата, а растеше нивното влијание во централната влада, Асаиб Ал ал-Хак стана главната милиција на која се потпира Иран при водењето на своите бизниси во Басра. Милицијата се покажа како особено ефективна во задушувањето на племенскиот отпор кон дејствувањето на Иран во регионот на Басра. Најголем дел од отпорот доѓаше од шеикот Казим ал-Унајзан, кој го предводи Советот на јужните кланови, за кој се претпоставува дека брои преку три милиони шиити. Корисноста на Асаиб Ал ал-Хак за Иран се покажа кога племенскиот шеик Мохаад ал-Бахадли, поглавар на Советот за ослободување и изградба, формираше своја сопствена милиција, наречена Асад Алах ал-Галиб. Оваа милиција, според изворите на Стратфор во регионот, беше бргу уништена од ал-Хак. Асаиб ал-Хак исто така се стекна со репутација дека ги ликвидира иранските противници на југот, вклучувајќи ги и лидерите на клановите, функционери во пристаништата во Басра и во Ум Каср и вработените во Јужната на нафтена компанија на Ирак кои одбивале да соработуваат во иранската шверцерска мрежа.

Во согласност со досегашните тактики, Иран се чини подготвен повторно да ги диверзифицира милициите под негова контрола и играше клучна улога во притискањето на ирачката централна влада да ги прими Казали и Асаиб Ал ал-хак во политичкиот процес на земјата. На почетокот на јануари, ирачката влада објави дека објаво дека ал-Хак не го предал своето оружје, но се согласил да не го користи и дека планира да учествува на следнитепарламентарни избори, под ново име.

Откако ал-Хак влчезе на политичката арена, Иран веќе исфрли нова група под нивна патронажа - Бригадите на Хезбола - која ќе го замени ал-Хак во заштитата на иранскиот шверцерски бизнис. Бригадите на хезболах не покажуваат интерес да влезат во политичкиот процес и ја истакнаа поттребата тие да ја играат клучната воена улога на југот на земјата.

Постојат уште неколку маргинални групи со исламска ориентација, кои се политчки инволвирани со Иран во замена за дивиденти од шверцуваната нафта, меѓу кои се Харакат Сајид ал Шуада, Хизб Тар Алах ал Ислами, Шухада ал Михраб и партијата 17-ти март на шеикот Абдула ал Ишмаин.

Иранскиот нафтен синдикат

Главната иранска фигура која ги менаџира нафтените синдикати во регионот на Басра е генерал касем Сулејмани, командант на единицата „Кудс" на Корпусот на исламската револуционерна гарда (КИРГ). Силеимани игра клучна улога во купувањето на приврзеници во Басра и во остатокот од југот, користејќи ги приходите од украдената нафта. Поголемиот дел од парите се депонирани во филијалите на банките под контрола на КИРГ во Ирак. Мрежата на Сулејмани покрива шверц на оружје во Ирак, шверц на нафта кон Иран, собирање и распределба на приходите од нафтата и киднапирање (а понекогаш и егзекуција) на противниците на Иран во јужен Ирак.


Влијанието на Техеран врз Багдад

Иранската контрола врз шверцот со нафта во Басра е институционализирана и далеку надвор од можноститеза контрола на централната влада во Багдад. Иако Иран е сред процесот на консолидација на шиитското влијание во Ирак, техеран не сака да види силна централна влада во Багдад, која би се обидела да го поткопа неговото добро етаблирано влијание на југот на земјата. Како резултат на тоа, Иран тивко, но цврсто, ги попречува обидите на премиерот Нури Ал Малики да наметне целосно своја контрола врз владата и да ја засили својата воена и политичка контрола на југот. Всушност, најефективниот начин преку кој Иран ќе си обезбеди влијани еврз политичките власти во багдад епреку одржување на цврста стисок врз неговите шверцерски дејности на југот на земјата. Иран ја користи својата енергетска моќ во Ирак за да се осигура дека ирачките владини функционери, вклучувајќи го и ал Малики, добиваат „дебело" парче приходите од кражбата на нафта - кое изнесува милиони долари - со што му ги намалува механизмите на Багдад преку кој може да се буни против иранското мешање во ирачките работи.

Иранската значајно и растечќко влијание врз ирачката нафтена индустрија им забива нож директно в срце на американските напори да го др=ат Иран надвор од Ирак. Кога требаше да се носат клучни политички одлуки за зголемување на американското воено присуство во Иран или за зголемена воена помош од САД, издашната иранска финансиска моќ добиена од приходите од шверцуваната нафта се користи за насочување на умовите на ирачките законодавци. Исто така, американските обиди да се засилат санкциите и да сње засече Иран во корен не ги земаат предвид милионите долари кој Иран може да ги внесе во Ирак преку сенишните канали кои минуваат низ Басра. /крај/stratfor/сс/

 


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари