08 февруари 2012 - 11:44 AM
Handball-Planet: Лазаров МВП на Еуро 2012
Посетителите на реномираната интернет страница, специјализирана за ракомет „Handball-Planet.com“, го избраа капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, за најдобар играч на неодамна завршеното Европско првенство.

Во гласањето на интернет страницата учествувале 16.000 ракометни фанови, а Лазаров добил повеќе од 10.000 гласови. „Handball-Planet.com“, во својот коментар наведува дека Лазаров е уникатен ракометар, нагласувајќи дека тој ги обедини титулите како најдобар стрелец во историјата на едно светско и европско првенство.
Лазаров освои 63 отсто од гласовите, зад него е Унгарецот Габор Чазар со 17 отсто од гласовите и Дарко Станиќ за кого гласале 2.200 фанови, или во проценти 13,5 отсто.
Ракометните фанови на овој начин барем до некаде ја исправија неправдата, која нa еден од најдобрите десни бекови во ракометната историја, му ја нанесе ЕХФ, со тоа што не го избра во најдобрата постава на Европското првенство во Србија. крај/handball-planet.com/мф/нц
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна