08 февруари 2012 - 01:27 PM
Земунските затворски бегалци ги мачкале решетките со вазелин
Стражарот кој наишол во ходникот, бегалците, го нападнале, му ги врзале рацете за радијатор и во устата му ставиле чорап за да не може да повика помош. Потоа му била соблекле јакната и ознаките и тргнале кон дворот каде биле пресретнати од жандармеријата.
Среќко Калиниќ и Жељко Миловановиќ, затворениците кои се обидоа да побегнат од Белградскиот затвор ги намачкале со вазелин решетките, ги исекле , ги нападнале чуварите и скокнале од прозорецот. Но тука беа фатени. При бегството припадниците на Земунскиот клан на чуварите им рекле дека си одат дома.
Бегството започнало во 5:20 часот, вчера наутро, кога двајцата притвореници ги извадиле решетките од ќелиите на приземјето.
Безбедносните камери го снимиле бегството. Стражарот кој наишол во ходникот, бегалците, го нападнале, му ги врзале рацете за радијатор и во устата му ставиле чорап за да не може да повика помош. Потоа му била соблекле јакната и ознаките и тргнале кон дворот каде биле пресретнати од жандармеријата.
При претресот кај двајцата биле пронајдени пили за сечење, со кои најверојатно требало да ја исечат вратата која води кон паркингот на судот.
Полицијата се уште истражува кој им помогнал да бегаат.
Калиниќ е осуден на 30 години затвор за убиство на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, а го чекаат уште неколку судења за убиства, разбојништва и други тешки кривични дела. Тој седум години беше во бегство. Миловановиќ пак е осомничен и се води постапка против него за убиството на новинарот Иво Пуканиќ. Тој до сега успеал да побегне од затвор четири пати.
Петмина стражари се уапсени и се сомничат дека помагале во бегството. Сите се во притвор.
Специјалниот суд го обезбедува невидено полициско обезбедување. Двајцата затвореници се пренесени во самици во Централниот затвор во Белград. Крај.курир.км
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник
Нема коментари
Поранешниот турски генерал излета од судница
Уапсени петмина Срби на Косово заради четничка пропаганда
Поранешниот турски воен командант нема да се брани пред судот
Фуле на Косово го врачи документот за студија за изводливост
Владата на Србија нуди гаранции Шешељ да се брани од слобода
последни 24 часа | последни 7 денаЕП расправа за резолуциите за Косово, Србија и Црна Гора
Уапсени петмина Срби на Косово заради четничка пропаганда
Поранешниот турски генерал излета од судница
Фуле на Косово го врачи документот за студија за изводливост
Владата на Србија нуди гаранции Шешељ да се брани од слобода
последни 24 часа | последни 7 дена
Насловна