Makfaks

08 февруари 2012 - 02:32 PM   од   Александар Чочевски

Приоритетите за во ЕУ остануваат, да се лобира пред данското претседателство

Независно судство, борба против корупцијата, реформа на јавната администрација се приоритетите со кои и годинава Владата ќе се соочува во контекст на интеграцијата во Европската унија, најави вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи.

Независно судство, борба против корупцијата, реформа на јавната администрација се приоритетите со кои и годинава Владата ќе се соочува во контекст на интеграцијата во Европската унија, најави вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи.

 

На денешната заедница седница на собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, на која се разгледуваше програмата за усвојување на европското законодавство за 2012 година, Арифи за во март го најави стартот на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Европската унија, оценувајќи го како чекот напред во интеграцијата на земјата.

 

„Напорите оваа година ќе бидат фокусирани и насочени кон натамошна изградба на независно и ефикасно судство, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформата на јавната администрација, одговорноста, ефективноста, обезбедувањето на слободата на изразување, меѓуетничките односи и изборната реформа", рече Арифи.

 

Со националната програма за усвојување на европското законодавство за 2012 година, предвидено е донесување на 76 закони со европско знаменце, 290 подзаконски акти и 448 ЕУ мерки. За опозицијата, програмата е документ во кој малку се кажува што натаму, предвидува донесување на многу непотребни документи, а дел од проблемите бегло се споменуваат.

 

„Според мене, хартијата многу често се троши за да се покрие недостигот на вистински индикатори и потребата од вистински резултати", рече Радмила Шеќеринска, претседател на НСЕИ.

 

„Ни треба акциски план, со многу конкретни бројки, активности, мерки и пари. Поконкретно, за да можеме да се посветиме на тоа. Инаку, ако го видите текстот, има измешани поглавја, има реченици што се однесуваат на едно поглавје, а го има во друго и има повторувања од реченици кои не знам зошто се повторуваат", рече Јани Макрадули од СДСМ.

 

За власта, пак, документот ја докажува посветеноста на владата за прилагодување на македонското со европското законодавство. Во стартот на Пристапниот дијалог препознаваат, како што велат, мала компензација за неотпочнувањето на пристапните преговори.

 

„Имаме еден вид, би кажала, мала компензација за тоа што Република Македонија не може да добие датум за преговори и да почне тој процес на усогласување, на отворање и затворање на поглавјата, но сето тоа ќе помогне Република Македонија да биде поподготвена и со многу поголем елан да продолжи во периодот што е пред нас", рече Силвана Бонева, член на КЕП.

 

Дел од нив побараа активно лобирање пред данското претседателство за македонските интереси, особено земајќи предвид дека во втората половина од годината со Унијата ќе претседава Кипар.

 

„Сметам дека ова собрание, и пратеничките групи и на СДСМ, и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ и на ДПА имаме добра прилика, сега за време на данското претседателство, сите здружно и заедно да лобираме за Република Македонија да го добие она што и следува - отпочнување на преговорите за членство, којшто процес значително и многу силно ќе влијае на забрзувањето на темпото на реформите на коешто сите работиме", рече Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/ач


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари