Makfaks

21 февруари 2012 - 12:15 PM

Џентлменот од Титаник одликуван по 100 години

Францускиот хемичар кој патувал и исчезнал во бродоломот на легендарниот „Титаник" препуштајќи го своето место во чамецот за спасување на една патничка, ќе биде постхумно одликуван сто години по неговиот храбар кавалерски чин.

Францускиот хемичар кој патувал и исчезнал во бродоломот на легендарниот „Титаник" препуштајќи го своето место во чамецот за спасување на една патничка, ќе биде постхумно одликуван сто години по неговиот храбар кавалерски чин.

За време на потонувањето на „Титаник" 36-годишниот Рене Жак Леви го препуштил своето место во чамецот за спасување на една патничка од бродот, останувајќи на неговата палуба, се наведува во соопштението што во понеделникот го издаден здружението Royal Society of Chemistry, коешто постхумно по еден век ќе го одликува за овој несебичен и смел потег.

Одликувањето ќе биде врачено во април, на некој од потомците на Леви, пренесува AFP. Тој според податоците бил патник од Втора класа со купен тикет со број 2163 за тогашни малку повеќе од 12 фунти и 17 стерлинзи. Се качил во британското пристаниште Саутемптон на 10-ти април 1912 година а негова крајна дестинација бил Монтреал во сојузната канадска држава Квебек.

Благодарејќи на архивските материјали, била откриена судбината на младиот хемичар Рене Жак Леви , роден во францускиот град Нанси во 1975 година, којшто емигрирал во Канада во 1903 година заедно со својата сопруга и нивните три деца. Во Европа се вратил во 1912 година за да присуствува на погреб, по што се качил на „Титаник" за да се врати кај семејството.

„Во повод одбележувањето на стогодишнината од потонувањето на 'Титаник' сметавме дека би било правилно на овој начин да биде поздравена смелоста на еден од нашите колеги", изјави претседателот на k Royal Society of Chemistry, Дејвид Филипс.

Паробродот „Титаник" тргна на своето прво и воедно последно патување од Европа до Америка на 10-ти април 1912 година, превезувајќи повеќе од 2.200 патници и членови на екипажот. На 14-ти април, на четвртиот ден од патувањето, „Титаник" се судри со огромна санта мраз и потона во 2.20 часот на 15-ти април. Според различни извештаи, во хаваријата животите ги загубиле меѓу 1.400 и 1.517 луѓе, а околу 700 биле спасени.

Остатоците од потонатиот патнички брод останаа недопрени сé до 1-ви септември 1985 година, кога американскиот поморски археолог Роберт Балард и неговите француски колеги не ги пронајдоа на 325 наутички милји од брегот на Њуфаундленд во Канада. Оттогаш од остатоците на бродот се подигнати околу 5.000 артефакти. До остатоците на „Титаник" се спуштија многу подморници, а некои од нив превезуваа и богати туристи авантуристи.

За потонувањето на легендарниот брод, напишани се стотици статии и книги, а снимени се и неколку филмови./крај/мф/сн

 


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари