21 февруари 2012 - 12:34 PM
Ја нападнал мајка си, па сестра му го прободела со нож
Дваесет и двегодишен тетовец во понеделникот попладне ја нападнал својата мајка, по што неговата сестра го прободела со нож, соопшти МВР.
Дваесет и двегодишен тетовец во понеделникот попладне ја нападнал својата мајка, по што неговата сестра го прободела со нож, соопшти МВР.
Инцидентот се случил во семејниот стан во тетовското село Теарце, поради нерасчистени семејни односи. Тетовецот ја нападнал мајка си, по што неговата седумнаесетгодишна сестра зела нож и го прободела во пределот на левото рамо и на задниот лев дел од градниот кош.
Тетовецот е пренесен во Клиничкиот центар во Тетово и се наоѓа надвор од животна опасност. Извршен е увид на лице место, ножот е подигнат и предаден на вештачење./крај/мвр/фф
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна