Makfaks

21 февруари 2012 - 12:50 PM

ЕЦБ го сопре купувањето на обврзници од земјите од еврозоната

Eвропската централна банка (ECB) објави во вторникот дека минатата седмица не ги купувала обврзниците издадени од земјите членки на еврозоната, пренесува Reuters.

Eвропската централна банка  (ECB) објави во вторникот дека минатата седмица не ги купувала обврзниците издадени од земјите членки на еврозоната, пренесува Reuters.

Со овој потег програмата на итно купување на државните обврзници во понеделникот е сопрена првпат од минатогодишниот август. Пред две седмици Европската централна банка (ECB) купила само 59 милиони евра во обврзници.

Централната банка ги купуваше обврзниците на земјите коишто имаат должнички проблеми, како што се Италија или Шпанија, за да го закочи растот на трошоците на нивното задолжување.

Повеќето економски аналитичари стравуваа дека растот на каматните стапки на аукциите на државните обврзници ќе условат нови скапи пакети за финансиска помош, какви што досега примија Грција, Ирска и Португалија.

Каматите на италијанскиот и шпанскиот државен долг почнаа да растат минатата година, при што досегнаа стапка од 7 отсто, ниво коешто се смета неодржливо на подолг рок, а исто така и ниво при коешто некои земји од еврозоната побараа меѓународна финансиска помош.

Се чини дека ЕCB со купувањето на државните обврзници ја постигна посакуваната цел, имајќи предвид дека Италија и Шпанија во моментов се задолжуваат по пониски каматни стапки.

Стравот, исто така, дека банките ќе го запрат меѓусебното кредитирање и ќе предизвикаат уште една кредитна криза, ја принудија ECB во декември првпат во својата историја на банките да им понуди програма, којашто сé уште трае, на поевтини тригодишни кредити. Тогаш повеќе од 500 европски банки само во првата седмица од доделувањето на кредитите подигнаа 489 милијарди евра, многу повеќе отколку што се очекуваше./крај/ро/мф/сн


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари