Makfaks

22 февруари 2012 - 12:10 PM   од   Кристина Мачкиќ

„Ќе ја чекаме правдата”, мајката на убиеното момче од ГУЦ

Судскиот процес за смртта на Мухамедали Јашари во средата поради отсуство на судечкиот судија е презакажан за април. Момчето во тепачка минатогодишниот април почина во дворот на средношколскиот образовен центар ГУЦ во Скопје.

Судскиот процес за смртта на Мухамедали Јашари во средата поради отсуство на судечкиот судија е презакажан за април. Момчето во тепачка минатогодишниот април почина во дворот на средношколскиот образовен центар ГУЦ во Скопје.

Во судот беа дојдени роднините на починатиот Јашари , двајца од обвинетите и адвокатите. Судскиот процес го следат и претставници на ОБСЕ.

„Ќе ја чекаме и ќе ја бараме правдата”, рече мајката на Мухамедали, којашто со сопругот разочарани заминаа од судот. Сакаа да ги видат и прашат обвинетите момчиња зошто нивниот син загина во тепачка. “Сакаме да ги видиме оние кои последни го видоа и да ги прашаме зошто мораше вака да се заврши детска кавга”.

Еден од бранителите на обвинетите адвокатот Јован Јоанидис изјави: „Сите жалиме за смртта на Мухамедали, меѓутоа тоа е - деца се тепале и ќе се тепаат”.

За смртта на Мухамедали обвинети се три момчиња кои одговараат за учество во тепачка и загрозување со опасно орудие. Семејството Јашари не сака да прифати на децата да им се суди за учество во тепачка наместо за убиство. Тие преку својот адвокат од обвинителството побарале да се изврши преквалификација на делото и на првообвинетиот да му се суди за убиство од користољубие а на останатите за насилство./крај/мф/км


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари