22 февруари 2012 - 01:44 PM
Забранет влез во Македонија за водачот на „Гробари“
Водачот на навивачката група „Партизан“ - „Гробари“, Милош Радисављевиќ – Кими влегол во Македонија легално во јули минатата година со авион на линија Белград – Охрид.
Водачот на навивачката група „Партизан“ - „Гробари“, Милош Радисављевиќ – Кими влегол во Македонија легално во јули минатата година со авион на линија Белград – Охрид.
Бидејќи Кими не го регулирал својот престој во Македонија, вчера во попладневноте часови беше изведен пред надлежен судија, кој му изрече парична казна и забрана за влез во Македонија во траење од пет години.
Радисављевиќ синоќа околу 19 часот беше транспортирaн до граничниот премин „Табановце“ каде им беше предаден на српските власти.
Радисављевиќ беше уапсен вчера во кафе бар во центарот на Скопје. Тој е правосилно осуден на шест месеци затвор поради насилничко однесување. Апелациониот суд на 11. јули 2011 година го укина делот од пресудата кој се однесува на загрозување на безбедноста на новинарката на Б92, Бранкица Станковиќ.
За време на фудбалскиот натпревар „Партизан“ против „Шахјтор“ во Белград, додека другите навивачи на јужниот дел од стадионот извикувале „Отровна си како змија, ќе поминеш како Чурувија“, новинар кој е убиен, Милош удирал гумена кукла која ја симблизирала новинарката, а потоа ја фрлил куклата на другите навивачи.
Ова следуваше откако новинарката Бранкица Станковиќ на емисијата „Инсајдер“ ги објави криминалните досиеја на навивачките групи, како и на навивачите на „Партизан“.
Радисављевиќ е обвинет и за палење на белградската Бајракли џамија во март 2004. година. Со поголема група уништиле едно полициско и четири возила во сопственост на Исламската верска заедница, уништени биле компјутери, теписи, книги во библиотеката, мебел и украле и 50,000.00 евра од Сефот.
Спомнатата група, заедно со голема група на демонстранти се собрале пред џамијата со цел да протестираат против насилство извршено од страна на Албанците против Србите во Косово. По тој повод неколку полицајци, кои ја штителе џамијата биле повредени./крај/мвр/фф
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна