Makfaks

03 февруари 2012 - 01:45 PM

Во Словенија намалени стопанската активност и пад на конкурентноста

Податоците од крајот на минатата и почетокот на оваа година, укажуваат на забавување и стагнација на словенското стопанство чијашто трошковна конкурентност поради кризата опаднала во однос на просекот во Европската унија,

Податоците од крајот на минатата и почетокот на оваа година, укажуваат на забавување и стагнација на словенското стопанство чијашто трошковна конкурентност поради кризата опаднала во однос на просекот во Европската унија, оценува во петокот агенцијата за макроекономски анализи на словенечката влада.

Покрај падот на стопанските активности која се најавува за целиот регион на еврозоната, и стопанските показатели во Словенија од третиот квартал од минатата година и јануари оваа година укажуваат на пад на конкурентноста и влошување на ситуацијата на пазарот на трудот, а сето тоа во комбинација со заострената ситуација на финансиските пазари, се наведува во анализата на државната агенција UMAR, што го пренесува Hina.

Минатата седмица UMAR значително ја намали процената за економскиот раст во 2012 година на само 0,2 отсто, додека процени дека растот во минатата година изнесувал 0,5 отсто, што е двојно помалку од претходните предвидувања. Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во својата анализа за очекувањата за растот за оваа година во средноевропските и источноевропските земји, најави дека Словенија ќе има пад на БДП-то од 1,1 отсто, што е малку подобро од Унгарија, за која се најавува пад о 1,5 отсто.

Регистрирани невработени лица во Словенија кон крајот на 2011 година имало 113 илјади, што претставува зголемување за 2,5 отсто за една година, платите во јавниот и во приватниот сектор стагнирале или благо пораснале, но трошковната конкурентност на земјата не е зголемена, туку во време на кризата паднала во однос на европскиот просек.

Намалувањето на можноста за кредитирање во домашниот банкарски сектор, во минатата година словенечките компании го надоместувале со земање кредити на странските пазари, но во втората половина од минатата година и таа можност е намалена поради намалувањето на кредитниот рејтинг.. На словенечките банки им опаѓа и квалитетот на активите, па так алани опсегот на побарувањата на банките изнесувал 5,3 милијарди евра, повеќе од десетина одобрени кредити, а годинава мораат да обезбедат четири милијарди евра за доспеаните обврски, предупредуваат од UMAR.

Како добра информација од агенцијата го истакнуваат податокот дека во 2011 година Словенија успеала многу подобро да повлекува европски средства, на нето суфицитот, разликата меѓу уплатите во европскиот буџет и користените средства од европските фондови, изнесувал 812 милиони евра, што е за 100 милиони евра повеќе отколку во 2010 година./крај/хи/сн


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари