03 февруари 2012 - 03:18 PM
Грчките синдикати и работодавачи против намалување на платите
Синдикатот и здружението на работодавачи во Грција ги отфрлија барањата за намалување на платите во приватниот сектор и покрај притисокот на кредиторите кои преговараат за отпис на дел од долгот на Грција.

За време на преговорите со грчките власти за евентуална дополнителна помош, кредиторите побараа воведување на нови мерки на штедење.
Синдикатите и работодавачите упатија писмо до владата во Атина, во кое ја информираат дека постигнале согласност да не ја намалуваат минималната плата, ниту годишниот износ на платата, која на вработените во Грција им се исплаќа на 14 рати.
Токму трошоците за исплата на платите се покажаа како точка на раздор во преговорите помеѓу грчката влада и нејзините кредитори, односно останатите членки на еврозоната и ММФ за исплата на вториот пакет помош од 130 милијарди евра.
Доколку не биде постигнат договор за отпис на дел од грчкиот долг, Грција би можела да банкротира веќе кон крајот на март. /крај/со/ап/
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник
Нема коментари
Поранешниот турски генерал излета од судница
Уапсени петмина Срби на Косово заради четничка пропаганда
Поранешниот турски воен командант нема да се брани пред судот
Фуле на Косово го врачи документот за студија за изводливост
Владата на Србија нуди гаранции Шешељ да се брани од слобода
последни 24 часа | последни 7 денаЕП расправа за резолуциите за Косово, Србија и Црна Гора
Уапсени петмина Срби на Косово заради четничка пропаганда
Поранешниот турски генерал излета од судница
Фуле на Косово го врачи документот за студија за изводливост
Владата на Србија нуди гаранции Шешељ да се брани од слобода
последни 24 часа | последни 7 дена
Насловна