Makfaks

03 февруари 2012 - 03:20 PM

Шпанската влада усвои план за реформа на банкарскиот сектор

Шпанската влада денеска усвои план со кој се предвидува банките да се принудат да остават за 50 милијарди евра поголеми резерви за покривање на ненаплатливиот имот во недвижнини.

Шпанската влада денеска усвои план со кој се предвидува банките да се принудат да остават за 50 милијарди евра поголеми резерви за покривање на ненаплатливиот имот во недвижнини.

Се очекува тој план да биде од клучно значење за реструктуирање на финансискиот сектор и заживување на замрената шпанска економија.

Владата го усвои планот на банкарската реформа откако министерот за економија Луис де Гиндос го најави. Планот сега ќе биде упатен во парламентот на гласање.

Според планот, банките сега ќе мораат да ја преиспитаат вредноста на нивниот имот во недвижнини.

Книговодствената вредност на тој имот, како што се смета, е „надувана“ откако заврши перидот на градежниот бум.

Банките, ако реформата помине во парламентот, ќе бидат принудени да се ослободат од сопственоста над имотите, како земјишта и непродадени станови, односно ќе мораат да ги продадат по пазарна цена. /крај/б/ст


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари