Makfaks

03 февруари 2012 - 03:51 PM

Знаците за економско закрепнување ги кренаа европските берзи

Европските берзи пораснаа во петокот бидејќи инвеститорите ги охрабрија податоците кои наговестија дека еврозоната би можела да избегне рецесија.

Европските берзи пораснаа во петокот бидејќи инвеститорите ги охрабрија податоците кои наговестија дека еврозоната би можела да избегне рецесија.

Дополнителен оптимизам влејаа и неочекуваните податоци за силниот раст на вработеноста во Соединетите Американски Држави во јануари.

Индексот на Лондонската берза FTSE се зголеми за 0,5 отсто на 5.826 поени, индексот на берзата во Франкфурт DAX за 0,2 отсто на 6.671 поен, а париски CAC беше во плус од 0,3 отсто и изнесуваше 3.387 поени.

Берзите дополнителни ги орасположи извештајот на Маркит кој покажа раст на индексот на менаџерите за набавка во еврозоната (ПМИ) во јануари на 50,4 поени, во споредба со 48,3 поени.

Вредноста на индексот над 50 поени укажува на раст на активностите, а тие под него на пад.

Во таква атмосфера најголеми добитници беа банките, при што Сосиете Женерал порасна за четири отсто, а Банко Пополаре за 3,7 отсто.

Меѓу губитниците се издвојуваат рударските компании, кои ден претходно беа најголеми добитници по најавата за спојување на Гленкор и Екстерјт. Акцијата на Рио Тинтос е намали за 2,3 отсто, на БНП Билитон за 1,9 отсто, а на Казакхмис за 1,6 отсто. /крај/х/ап/


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари