03 февруари 2012 - 04:37 PM
Иранското предупредување ги погоди цените на нафтата
Цените на нафтата во петокот пораснаа на меѓународните пазари откако иранскиот ајатолах Али Хамнеи го предупреди Западот дека Техеран на нафтеното ембарго „ќе одговори со одреден момент“.
Цените на нафтата во петокот пораснаа на меѓународните пазари откако иранскиот ајатолах Али Хамнеи го предупреди Западот дека Техеран на нафтеното ембарго „ќе одговори со одреден момент“.
Цената на барел сирова нафта на лондонскиот пазат беше поголема за 33 центи и изнесуваше 112,4 долари, додека на американскиот пазар поскапи за 50 центи на 96,86 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта OPEC во петокот соопшти дека цената на барел референтната кошница нејзина нафта во четвртокот бил продаван по 110,82 долари за барел, што значи дека била за 20 центи поскап отколку во средата/
Врховниот верски водач и најголем политички авторитет во Иран, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека Техеран нема да попушти под меѓународниот притисок да ја запре својата контроверзна нуклеарна програма.
„Санкциите нема воопшто да ја намалат нашата решителност да продолжиме да ја спроведуваме нашата нуклеарна програм. Како одговор на заканите за нафтено ембарго и војна, во вистински момент ќе ги објавиме своите закани“, рече ајатолахот Али Хамнеи во телевизиското обраќање што беше директно пренесувано на државната телевизија.
„Таквите геополитички новитети и натаму ќе ја зголемуваат премијата на лондонскиот пазар, па оттаму и би можело да ги зголемат разликите на лондонскиот и на американскиот пазар“, вели за Reuters, Карстен Фритч, аналитичар во франкфуртската „Comeerzbank“.
Разликата во цените на сировата нафта на овие два пазара во петокот изнесуваше 15, 54 долари за барела.
Весникот The Washington Post пишуваше дека американскиот министер за одбрана Леон Панета е загрижен од сé поголемата веројатност за напад од страна на Израел уште во април. Телевизиската мрежа CNN ја потврди оваа информација, повикувајќи се на неименуван висок функционер во кабинетот на американскиот претседател Барак Обама, кој побарал да остане анонимен.
Поголемиот раст на цените на нафтата сепак беше ограничен од претпазливост на инвеститорите пред објавувањето за вработувањето во јануари и расплетот на преговорите меѓу Грција и нејзините приватни кредитори за преструктуирањето на грчкиот државен долг.
Според анкетата што ја спроведе Reuters меѓу економските аналитичари, се прогнозира дека американските работодавачи во јануари нето отвориле 150 до 200 илјади нови работни места, додека стапката на невработеност би требала да остане на нивото од 8,5 отсто.
„Бројките за невработеноста би можеле, зависно од резултатите’“, да влијаат врз цените на нафтата преку склоноста кон ризици“, смета Фрич./крај/ро/хи/сн
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник
Нема коментари
Македонија ќе учи од Израел како да штеди вода
АЕК организира Меѓународната регулаторна конференција
Кина заинтересирана за увоз на македонски вина
Македонија и Австралија ќе ги зајакнуваат бизнис и авио врските
Македонија се презентираше во брзорастечкиот Чингдао
последни 24 часа | последни 7 денаЕУ размислува за побавен пристап на примена на грчките мерки за штедење
Минимален пад на инфлацијата во еврозоната
Шојбле: Не може повторно да се преговара за договорот на Грција
Зголемени квотите за македонски превозници во Турција
Пад на продажбата на автомобили во Европа
последни 24 часа | последни 7 дена
Насловна