03 февруари 2012 - 04:43 PM
Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во Каиро
Нови судири избувнаа денеска во Каиро меѓу демонстрантите кои бараат заминување на воената власт и безбедносните сили, во новиот бран насилства што започна по крвопролевањето на фудбалскиот натпревар.
Нови судири избувнаа денеска во Каиро меѓу демонстрантите кои бараат заминување на воената власт и безбедносните сили, во новиот бран насилства што започна по крвопролевањето на фудбалскиот натпревар.
Како што јавува агенцијата Франс прес, специјалната полиција се обидела со солзавец да ги растера демонстрантите кои ги гаѓале со камења пред зградата на Министерството за внатрешни работи, по синоќешните судири во кои две лица загинаа, а стотина се повредени ширум земјата.
Полицијата соопшти за 1.482 повредени лица во судирите кои траат веќе втор ден, а една продемократска организација изјави дека нејзин член го загубил окото во судирите. Смртно страдал и еден полицаец.
Повеќе стотици луѓе се собраа во центарот на Каиро, на плоштадот Тахрир, симболот на револуционерните сили, извикувајќи пораки против воениот режим кој владее со земјата откако пред една година беше соборен режимот на Хосни Мубарак. /крај/хн/ст
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна