03 февруари 2012 - 04:47 PM
Хаг:Германија има државен имунитет
Германија има државен имунитет и жртвите од нацистичките злосторства сторени за време на Втората светска војна не можат да ја тужат пред странски судови, потврди денеска Меѓународниот суд во Хаг.
Германија има државен имунитет и жртвите од нацистичките злосторства сторени за време на Втората светска војна не можат да ја тужат пред странски судови, потврди денеска Меѓународниот суд во Хаг.
Најголемата судска инстанца на Обединетите нации, во својата одлука наведува дека Врховниот суд на Италија го повредил суверенитетот на Германија, кога во 2008 година пресудил дека италијанскиот државјанин Луиѓи Ферини има право на отштета бидејќи во 1944 година бил депортиран во Германија на принудна работа во фабрика за оружје.
Грција се придружи кон италијанското барање барајќи отштета за нацистичките злосторства сторени на нејзина територија.
Германија соопшти дека одлуката на италијанскиот суд го фрла во сомнеж системот на реституција востановен по поразот на нацистите, со што Германија исплати десетина милијарди долари отштета.
Притоа Германија се повика на државен имунитет кој гарантира дека сите барања на државите се решаваат преку мировни договори и дека не се дозволени директни тужби на приватни лица против странски држави, што денеска беше уважено од страна на Меѓународниот суд. /кра/со/ап/
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна