03 февруари 2012 - 05:31 PM
Предлог резолуцијата на СБ на ОН исклучува употреба на сила против Сирија
Советот за безбедност на Обединетите нации ја исклучува употребата на сила против Сирија, каде што од март 2011 година не престануваат судирите меѓу власт и опозицијата.
Советот за безбедност на Обединетите нации ја исклучува употребата на сила против Сирија, каде што од март 2011 година не престануваат судирите меѓу власт и опозицијата.
Според текстот објавен во седиштето на ОН, предлог документот со кој ќе биде повикано на запирање на насилствата, Советот за безбедност смета дека „ништо во оваа резолуција не го дозволува мерките предвидени во Глава 42 од Повелбата на ОН“, пренесува РИА Новости.
Овој дел од Повелбата, инаку, дозволува употреба на воена сила на море, копно и воздух,со цел да се блокира некоја држава во интерес на меѓународниот мир и стабилност.
Како што пренесува агенцијата повикувајќи се на аналитичарите на ситуацијата во регионот, исклучувајќи ја заканата од вооружени интервенција во Сирија, се спречува повторувањето на либиското сценарио, каде што по резолуцијата на ОН и со мандат од Советот за безбедност по операциите на НАТО опозицијата успеа да го собори режимот на Моамер ел-Гадафи, но стабилност во земјата не се поправи.
Во октомври 2011 година западните земји поднесоа во Советот за безбедност текст за резолуција која предвидуваше закана со санкции, но Русија и Кина ја блокираа искористувајќи го правото на вето. Во четвртокот навечер на 2-ри февруари годинава, за време на речиси четири часовната седница на Советот за безбедност, беше поднесен текст на нацрт-резолуција. Во овој текст беа омекнати формулациите коишто би можеле да се употребат за да се оправда евентуална воена интервенција во Сирија, смета Москва.
Нацрт-резолуцијата ќе биде испратена за разгледување до страна на 15-те земји членки на Советот за безбедност за одобрување.
Во нацрт-резолуцијата, исто така, според агенцијата, исто така, е поздравена понудата на Русија за организирање средба меѓу сириските власти и опозицијата што би се одржала во Москва, на која би се нашло политичко решение на кризата.
„Го осудуваме секое насилство, без разлика од која страна доаѓа, и во тој поглед бараме од сите страни во Сирија, вклучувајќи ги и вооружените групи, веднаш да се запре насилството и одмаздата од сите видови, вклучувајќи и напади врз државните институции“, се вели меѓу другото во нацрт-резолуција што ја цитира РИА Новости.
Нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност, исто така, ја поддржува и иницијативата на Арапската лига којашто на 22-ри јануари го претстави својот план за трансфер на власта од претседателот Башар ал-Асад од кого опозицијата бара оставка, демократизација на сириското општество, како и ослободување од затворите на сите политички противници на актуелната власт.
Доколку во рок од 21 ден не биде исполнет предлогот, Советот за безбедност си го дозволува правото да разгледа натамошни мерки во врска со Сирија, се наведува во текстот од нацрт-резолуцијата./крај/ро/мф/сн
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна