03 февруари 2012 - 02:50 PM
Скијање:Крел за стотинка го победи Милер
Австриецот, Клаус Крел, победи на шестиот спуст во сезоната, кој во рамките на Светскиот куп се одржа во францускиот Шамони.
<!-- @page { margin: 0.79in } P { margin-bottom: 0.08in } -->Австриецот, Клаус Крел, победи на шестиот спуст во сезоната, кој во рамките на Светскиот куп се одржа во францускиот Шамони.
Крел на трката, на која ја забележа првата победа оваа сезона, победи со време од 2:04.22 минути, што за само една секунда беше побрзо од остварувањето на второпласираниот Американец, Боди Милер.
За неизвесноста и драматичноста на трката во Шамони, сведочи и времето на третопласираниот Дидие Куш, швајцарскиот ветеран зад Крел заостана само четири стотинки. Ромед Бауман и Ерик Гај кои се пласираа меѓу најдобрите пет зад победникот задоцнија 8 стотинки.
Крел со денешната победа се проби на второто место во спуст, со 397, на првото место со 40 бодови повеќе е Дидие Куш.
Што се однесува до вкупниот пласман во Светскиот куп, лидер е Ивица Костелиќ, кој денеска не освои бодови, бидејќи заврши на 48-то место. Зад Костелиќ, кој има 905 бода се наоѓа Марсел Хиршер. крај/б92/нц
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна