03 февруари 2012 - 03:45 PM
По втор пат на Тери му е одземена капитенската лента
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), реши на Џон Тери да му ја одземе капитенската лента која тој ја носи во репрезентацијата на Англија.
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), реши на Џон Тери да му ја одземе капитенската лента која тој ја носи во репрезентацијата на Англија.
Одлуката на фудбалерот на Челзи му ја соопштил претседателот на ФА, Дејвид Бернштајн.
Англискиот селектор Фабио Капело не ја поддржа одлуката, на која од ФА се решија поради големиот притисок на јавноста и медиумите, кои се огорчени од расистичките навреди кои Тери ги упати кон фудбалерот на КПР, Антон Фердинанд.
Поради ова Тери заврши и на суд, на првото рочиште, кое се одржа во вторникот, а на кое Тери не беше присутен, преку адвокатот тој се изјасни дека не е виновен. Процесот против Тери ќе продолжи по завршувањето на Европското првенство, а доколку тој би де прогласен за виновен се соочува со максимална парична казна во износ од 2.500 фунти.
Инаку, ова е втор пат на Тери да му биде одземена капитенската лента во репрезентацијата, прв пат тоа се случи во 2010 година, кога на виделина излезе љубовната афера на Тери со девојката на неговиот тогашен соиграч Вејн Бриџ.
Тери со Челзи, во недела ќе го одигра дербито со Манчестер Јунајтед, чиј дрес го носи постариот од браќата Фердинад, Рио. Постариот Фердинанд поради повреда на коленото е неизвесен за неделниот натпревар, а оваа тема се огласи менаџерот на Јунајтед Алекс Фергусон, кој на својот фудбалер му наложил да се ракува со Тери доколку биде во стартниот состав.
„Рио долги години се бори против расизмот и сега мора да се издигне над тоа. Тој не сторил ништо од што треба да се срами“, рече Фергусон. крај/мф/нц
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна