03 февруари 2012 - 05:45 PM
Снегот ги одложи утрешните натпревари во Серија А
Италијанската престолнина Рим, денеска е затрупана со снег, а како метеоролозите не прогнозираат подобрување на временските прилики.
Италијанската престолнина Рим, денеска е затрупана со снег, а како метеоролозите не прогнозираат подобрување на временските прилики.
Италијанската фудбалска федерација реши да ги одложи утрешните натпревари. Утре, во 15 часот требаше да се одигра дербито помеѓу Рома и Интер, како и натпреварот Чезена-Катанија.
Што се однесува до неделните натпревари, од Италијанската федерација нема најави дека некој од натпреварите би можел да биде одложен.
Снегот и студеното време, во вторникот и средата одложи пет натпревари од 21-то коло, чии термини за одигрување ќе бидат дополнително одредени. крај/б92/нц
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна