04 февруари 2012 - 09:57 AM
Атлетико против Валенсија, Реал гостува кај Хетафе
Атлетико Мадрид-Валенсија е најпривлечниот натпревар, кој ќе се одигра во рамките на 21-то коло, во Примера.
Атлетико Мадрид-Валенсија е најпривлечниот натпревар, кој ќе се одигра во рамките на 21-то коло, во Примера.
Атлетико со доаѓањето на новиот тренер, Диего Симеоне, значително ја подигна формата и стигна на два бода од четвртото место на табелата, кое овозможува квалификации во Лигата на шампиони.
„Јорганџиите“ на последните пет натпревари имаат само еден пораз, што е сосема спротивно на формата во која се наоѓа Валенсија. Третопласираната екипа во првенството на последните пет натпревари има само една победа, три пати тимот одиграл нерешено и запишал еден пораз.
Тешко гостување, во ова коло го очекува лидерот Реал, кој во малото мадридско дерби ќе игра против Хетафе. Барселона не би требало да се соочи со проблеми на натпреварот со реал Сосиедад, кој го игра на домашен терен. Комплетни двојки:
Сабота, 4.февруари:
Мајорка-Бетис
Атлетик Билбао-Еспањол
Хетафе-Реал
Барселона-Реал Сосиедад
Недела, 5.февруари:
Спортинг-Осасуна
Севиља-Виљареал
Сарагоса-Рајо ваљекано
Атлетико-Валенсија
Понеделник, 6.февруари:
Гранада-Малага. крај/мф/нц
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна