Makfaks

22 февруари 2012 - 08:29 PM

ЦСКА го замрзна Олимпијакос на -32

Олимпијакос на Перо Антиќ доживеа вистинска катастрофа во Моска, против ЦСКА, во натпреварот од претпоследната фаза, во Топ 16 фазата, во Евролигата.

Олимпијакос на Перо Антиќ доживеа вистинска катастрофа во Моска, против ЦСКА, во натпреварот од претпоследната фаза, во Топ 16 фазата, во Евролигата.

ЦСКА со победата од 96:64 дефинитивно го потврди пласманот во четвртфиналето, и уште еднаш ја истакна кандидатурата за освојување на титулата во елитното кошаркарско натпреварување.

ЦСКА прашањето на победникот го реши уште на стартот кога стигна до 10:0, а до крајот на првото полувреме разликата рапидно растеше во корист на „армејците“.

На одмор се замина со резултат 54:26, најмногу благодарение на извинредниот шут за три поени, играчите на ЦСКА во првиот период постигнаа 11 тројки од 12 удари.

Капитенот на македонската репрезентација, Антиќ, на паркетот мина нешто повеќе од 22 минути, време за кое постигна 7 поени (6 во првите 8 минути), на кои придодаде еден скок и една загубена топка.

Во катастрофалната игра на Олимпијакос само Спанулс постигна двоцифрен број на поени, 12. За разлика од грчкиот тим, во ЦСКА дури шестмина завршија со двоцифрен број на поени, најмногу поени, 15, реализира Андреј Воронцевич.

Олимпијакос во последното коло, на домашен терен, против Галатасарај ќе го решава прашањето на вториот четврфиналист од оваа група. крај/мф/нц


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари