22 февруари 2012 - 09:00 PM
„Граѓаните“ го детронизираа Порто
Екипата на Порто се прости од титулата во Лига Европа, откако вечерва во Манчестер загуби од Сити со убедливи 4:0.
Екипата на Порто се прости од титулата во Лига Европа, откако вечерва во Манчестер загуби од Сити со убедливи 4:0.
Лидерот во Премиер лигата до водство дојде уште во првата минута кога мрежата на Порто ја погоди Серхио Агуеро. Резултатот беше активен се последните 15 минути, кога Сити со фуриозна игра успеа да постигне уште три гола: Џеко, Давид Силва и Писаро беа стрелци.
Манчестер Сити победи и на првиот меч во Португалија со 2:1, па со вкупни 6:1 избори пласман во осмина финалето.
Останатите реванш натпревари од 1/16 финалето во Лига Европа ќе се одиграат утревечер. крај/мф/нц
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна