Makfaks

22 февруари 2012 - 09:02 PM

Раул Лопез го нокаутира Монтепаски

Монтепаски Сиена на Лестер Бо Мекејлеб, во Билбао го запиша првиот пораз во Топ 16 фазата, со што малку си ги искомпликува шансите за освојување на првото место во Ф групата.

Монтепаски Сиена на Лестер Бо Мекејлеб, во Билбао го запиша првиот пораз во Топ 16 фазата, со што малку си ги искомпликува шансите за освојување на првото место во Ф групата.

Монтепаски, загуби од Билбао со 59:60, со кошот на Раул Лопез постигнат со звукот на сирената.

Поранешниот репрезентативец на Шпанија натпреварот го заврши со 15 поени, 3 скока и 2 асистенции. На спортивната страна најефикасен беше Игор Ракочевиќ со 14 поени, Дејвид Мос постигна 10 коша, додека Мекејлеб имаше учинок од 12 поени, по еден скок и асистенција, 3 украдени и 2 загубени топки.

Многу работи во оваа Ф група ќе бидат познати по одигрувањето на утрешниот натпревар помеѓу Реал и Уникаха, доколку Реал загуби, Монтепаски и Билбао ќе играат во четвртфиналето.

Во последното коло Монтепаски ќе го пречека Реал, додека Билабо ќе и гостува на Уникаха. крај/мф/нц


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари