23 февруари 2012 - 06:53 AM
Реја заминува од Лацио
Тренерот на Лацио, Едуардо Реја, поради лошите резултати реши да го напушти клубот.
Тренерот на Лацио, Едуардо Реја, поради лошите резултати реши да го напушти клубот.
Според медиумите од Италија, Реја влегол во конфликт со претседателот Клаудио Лотито и спортскиот директор Игли Таре, кои во ги критикувале неговите одлуки на натпреварот со Палермо.
Реја оставката ја понудил поради поразите на последните две средби, од Атлетико во Рим, 1:3 во Лига Европа и од Палермо 5:1 во Серија А.
Од клубот сеуште нема став околу оставката на Реја, но извесно е дека утрешниот натпревар со Атлетико во Мадри ќе му биде последен како тренер на Лацио.
Спортските новинари на Апенините шпекулираат дека негов наследник ќе биде поранешниот тренер на Лече, Луиџи Ди Канио. крај/мф/нц
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна