Makfaks

02 февруари 2012 - 02:32 PM

Први официјални фотографии на српскиот „фиат 500Л“

Официјалната премиера на новиот модел на Фиат „500Л“, што ќе се склопува во фабриката во Крагуевац, планирана е за 6 март и Саемот на автомобили во Женева, но компанијата со денешното објавување на првите фотографии на надворешниот изглед одржа своевидна претпремиера.

Официјалната премиера на новиот модел на Фиат „500Л“, што ќе се склопува во фабриката во Крагуевац,  планирана е за 6 март и Саемот на автомобили во Женева, но компанијата со денешното објавување на првите фотографии на надворешниот изглед одржа своевидна претпремиера.

Моделот со ознака „Л“, што е кратенка од зборот „Large“, е зголемена и продолжена верзија на моделот „500“, кој веќе пет години се склопува во фабриката на Фиат во Полска.

„Фиат 500Л“ официјално спаѓа во категоријата мали компактни повеќенаменски возила(МВП), кои, како што тврдат во фабриката, благодарејќи на својот „клиренс“ нуди чувство во кабината како да се седи во малечок СУВ.

Овој петосед е долг 4,14 метри, широк е 1,78 метри, а висок 1,66 метри. Концептот на кабината е преземен од „мултипла“, поранешен модел на Фиат со слична намена.

На официјалната интернет презентација на Фиат е потврдено дека „500Л“ ќе се склопува исклучиво во Србија.

По премиерата во Женева, продажбата на новиот модел во европа ќе почне во последниот квартал на 2012 година, со почетна цена од 16.000 евра. Палетата на мотори ќе содржи два бензински агрегата(двоцилиндричен „твин-ер од 0,9 литри и 1,4 литарски) и еден 1,3 литарски дизел „мултиџет 2“. /крај/бл/ст


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари