02 февруари 2012 - 03:13 PM
Пронајден бродски труп со товар вреден три милијарди долари?
Ловецот на богатство, Грег Брукс, тврди дека го лоцирал трупот на британскиот брод „Порт Николсон“, кој потонал за време на Втората светска војна и дека во него се наоѓа платина вредна три милијарди долари.
Ловецот на богатство, Грег Брукс, тврди дека го лоцирал трупот на британскиот брод „Порт Николсон“, кој потонал за време на Втората светска војна и дека во него се наоѓа платина вредна три милијарди долари.
„Порт Николсон“ во 1942 година бил потопен од страна на германска подморница, во близина на Кејп Код. Брукс тврди дека бродот, кој пловел кон Њујорк, го лоцирал на длабочина од 213 метри и на оддалеченост од 80 километри од атланскиот брег на САД.
Ловецот на богатство тврди дека бродот превезувал 71 тони платина, која во тоа време била вредна 53 милиони долари, според него бродот превезувал и злато и дијаманти. Платината била дел од исплатата на воени залихи кон САД од страна на Советскиот Сојуз.
Брукс откри, дека, тој и неговата посада, бродот го идентификувале по бројот на пранецот, кој го снимила подводната камера. Тој изјави дека кон крајот на овој месец или почетокот на следниот ќе се обиде да го извади богатството со помош на подморница на далечинско управување.
Наспроти Брукс, од британската влада излегоа со тврдења дека бродот „Порт Николсон“ во моментот на потонувањето превезувал машини и воени залихи. По повод изјавите и тврдењата на Брукс сеуште не се огласила американската влада, можеби и поради тоа, што Советите подоцна на Вашингтон му платија за загубениот товар.
Иако Брукс тврди дека по секоја цена ќе го извлече богатството, поморските закони се многу комплицирани, и доколку се покаже дека бродот навистина пренесувал вреден товар, тогаш можат да се појават повеќе барања за сопственост на товарот. крај/т/нц
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник
Pero Pit
02.02.2012 18:04Vaka ke izleze deka podobroda si kutese. Ke se javi osiguritelnoto, pa Rusija sto dvapati platila itd itd.
13
8
Насловна
1 коментар