02 февруари 2012 - 07:15 PM
Васиковска и Ајзенберг ќе толкуваат ликови од Достоевски
Миа Васиковска и Џеси Ајзенберг ќе играат во слободната филмска адаптација на делото од рускиот романсиер Фјодор Достоевски „Двојник“, којашто има намера да ја снима режисерот Ричард Ајоаде,пишува Variety.

Ајзебнер кој беше номиниран за Оскар за неговата улога на ликот на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг во филмот „Социјална мрежа", ќе го игра „малиот човек“ - Јаков Петрович Голјадкин. Тивок, простодушен и неконфликтен човек, кој изненадувачки открива дека пријателите, познаниците и колегите, одеднаш му го вртат грбот. Тој е обвинет за дела кои не ги извршил, припишувајќи му карактерни особености коишто не ги поседува. Одеднаш Голјадкин открива дека тој има двојник со кога неверојатно си личат, но во основа претставува целосна негова спротивност. Постепено, псевдо-Голјадкин го зазема местото на вистинскиот Голјадкин. Како што пишува магазинот, во филмот името на главниот лик, најверојатно, ќе се менува поради тежината на изговорот.
Кого ќе игра Васиковска, којашто стана позната по улогата на Алиса во екранизацијата на Тим Бертон на книгата за деца од Луис Керол „Алиса во земјата на чудата“, засега не се открива. Меѓутоа, може лесно да се претпостави затоа што во делото на Достоевски има само еден женски лик - ќерката на државниот советник Берендеев.
Студиото „Protagonist Pictures“ следната седмица ќе го претстави проектот на Европскиот филмски пазар (European Film Market), што ќе се одржи во рамките на Берлинскиот филмски фестивал.
„Двојник“ веќе еднаш доживеа екранизација, во далечната 1968 година преку филмот со Бернардо Бертолучи „Партнер“, снимен врз основа на расказот. Инаку Достоевски е еден руски автор според чии дела се снимени најмногу филмови во странство, повеќе до 30./крај/рн/сн
Васиковска и Ајзенберг ќе толкуваат ликови од Достоевски
Лос Анџелес, 02.02.2012 (Макфакс) - Миа Васиковска и Џеси Ајзенберг ќе играат во слободната филмска адаптација на делото од рускиот романсиер Фјодор Достоевски „Двојник“, којашто има намера да ја снима режисерот Ричард Ајоаде,пишува Variety.
Ајзебнер кој беше номиниран за Оскар за неговата улога на ликот на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг во филмот „Социјална мрежа", ќе го игра „малиот човек“ - Јаков Петрович Голјадкин. Тивок, простодушен и неконфликтен човек, кој изненадувачки открива дека пријателите, познаниците и колегите, одеднаш му го вртат грбот. Тој е обвинет за дела кои не ги извршил, припишувајќи му карактерни особености коишто не ги поседува. Одеднаш Голјадкин открива дека тој има двојник со кога неверојатно си личат, но во основа претставува целосна негова спротивност. Постепено, псевдо-Голјадкин го зазема местото на вистинскиот Голјадкин. Како што пишува магазинот, во филмот името на главниот лик, најверојатно, ќе се менува поради тежината на изговорот.
Кого ќе игра Васиковска, којашто стана позната по улогата на Алиса во екранизацијата на Тим Бертон на книгата за деца од Луис Керол „Алиса во земјата на чудата“, засега не се открива. Меѓутоа, може лесно да се претпостави затоа што во делото на Достоевски има само еден женски лик - ќерката на државниот советник Берендеев.
Сценариото за филмот го направил Ајоаде во соработка со Ави Корин.
Амина Дасмал и Роберт Фокс од „Alcove Entertainment“ ќе бидат продуценти на кои ќе им помага Енди Стебинг како копродуцент. Проектот ќе биде развиен и финансиран во соработка со „Film4“.
Ајоаде го имаше своето режисерско деби минатата година со британскиот филм „Подморница“, адаптација на сторија од Џо Данторн, а има режирано и телевизиски комеди. меѓу кои за BBC3 2The Mighty Boosh" и за Chanel 4 - „The IT Crowd".
Студиото „Protagonist Pictures“ следната седмица ќе го претстави проектот на Европскиот филмски пазар (European Film Market), што ќе се одржи во рамките на Берлинскиот филмски фестивал.
„Двојник“ веќе еднаш доживеа екранизација, во далечната 1968 година преку филмот со Бернардо Бертолучи „Партнер“, снимен врз основа на расказот. Инаку Достоевски е еден руски автор според чии дела се снимени најмногу филмови во странство, повеќе до 30./крај/вар/мф/сн
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна