02 февруари 2012 - 11:24 PM
Пронајдени слични абнормалности во мозокот на зависниците и нивните роднини
Абнормалната структура на „центарот за самоконтрола“ во поголемиот дел од церебралната хемисфера се покажа како карактеристика за наркозависниците и нивните блиски роднини - браќа и сестри, велат британските невролози во написот објавен во списанието Science.
Абнормалната структура на „центарот за самоконтрола“ во поголемиот дел од церебралната хемисфера се покажа како карактеристика за наркозависниците и нивните блиски роднини - браќа и сестри, велат британските невролози во написот објавен во списанието Science.
Губењето на свесната контрола над своите активности е еден од најсигурните знаци на зависност. Ова се рефлектира со фактот што корисниците на дрога се ретко свесни за последиците од своите постапки и не можат да се концентрираат подолго на една задача. Многу експерти за дрога и невролози веруваат дека предиспозицијата за зависност кај некои луѓе се објаснува со особеностите во системот на „центарот за самоконтрола“, специјална зона во рамките на церебралната хемисфера.
Групата британски научници предводени од Карен Ерше од Универзитетот во Кембриџ пронашле слични абнормалности во центарот за самоконтрола кај самите наркозависници и кај нивните здрави браќа и сестри, при набљудувањето на работата на мозокот за време на тестирањето на самоконтролата.
Ерше и нејзините колеги и испитувале две групи волонтери: првата се состоела од 50 двојки зависници и нивните семејства, а втората - сличен број здрави двојки. Невролозите ја изучувале структурата на нивните центри за самоконтрола и во други делови на кортексот со компјутеризирана томографија и им понудиле на испитаниците да поминат класичен тест за самоконтрола.
Научниците им дале на волонтерите џојстик и побарале од нив да го притиснат кога на екранот ќе се покаже стрелката којашто покажувала на лево или на десно. Во некои случаи стрелката била проследена со звучен сигнал кој симболизирал „забрана" да се притисне на копчето. Обично зависниците не можеле да се контролираат и го притиснувале копчето, без да обрнуваат внимание на звучното предупредување.
Се покажало дека зависниците и нивните роднини подеднакво лоши се снаоѓале со оваа задача во споредба со оние од другата контролната група. Со други зборови, недостатигот од самоконтрола меѓу корисниците на дроги се должи на генетските сличности а не на систематската злоупотреба на наркотиците.
Истражувачите се обиделе да изнајдат потврда за ова, со испитување на разликите во устројството на мозоците на зависниците, нивните роднини и здравите луѓе. Тие пронашле слични абнормалности во структурата на стратумот и предниот кортекс (дел од мозокот) кај зависниците од дроги, како и кај нивните браќа и сестри. Во овие области на мозокот се наоѓаат голем дел од синџирите на неврони кои се вклучени во работата на „центарот за самоконтрола“.
Од друга страна, роднинините на зависниците доброволци воопшто никогаш не земале дрога, и покрај нивните генетски предиспозиции. Како што претпоставуваат научниците, генетиката и социјалните фактори - образованието, животната средина и развојот на личноста - подеднакво влијаат врз судбината на таквите луѓе.
Покрај тоа, научниците откриле неколку физички разлики меѓу мозоците на зависниците и нивните роднини. Особено, кај наркоманите биле значително помали зоните од областа одговорна за реакција на промените на условите во животната средина и процената за важноста на некој предмет или појава. Малите размери на овие зони може да е причината за склоноста на зависниците од импулсивни реакции и неможноста да одговорат флексибилно на случувања во околината.
Според Ерше и нејзините колеги, натамошното испитување на здравите и наркозависничките роднински двојки ќе помогне да се идентификуваат и други особини кои предизвикуваат зависност од дроги или во заштитата од формирањето на такви зависности./крај/рн/мф/сн
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна