Makfaks

03 февруари 2012 - 12:07 PM

На дното на Балтикот пронајден мистериозен објект

Пред две години на дното на Балтикот беше пронајден објект сличен на летачка чинија, а сега на само 200 метри подалеку од првата локација, пронајден е уште еден диск.

Пред две години на дното на Балтикот беше пронајден објект сличен на летачка чинија, а сега на само 200 метри подалеку од првата локација, пронајден е уште еден диск.

Ловците на богатства, кои всушност на дното на Балтичкото море меѓу Шведска и Финска бараат викиншки и други стари бродови, почнаа сериозно да размислуваат за тоа дали вонземјаните навистина постојат. Да се пронајдат два неидентификувани диска на само 200 метри еден од друг, е повеќе од необично, а мистеријата е уште поголема бидејќи никој не знае за што станува збор.

„Слушнавме повеќе различни објаснувања, од тоа дека станува збор за летало како Милениум Фалкон од Џорџ Лукас, па до тоа дека буквалнос е работи за ’некаков чеп што води кон внатрешниот свет’, како да станува збор за некаков пекол внатре. Нема да знаеме додека не се спуштиме долу“, појасни Петер Линдберг, водач на шведскиот истражувачки тим.

Значи, прво истиот тим пронајде кружен објект со дијаметар преку 60 метри на длабочина од 85 метри. Уште почудно е што зад него имало 300 метри долга трага на дното на морето, кои сугерираат дека објектот или бил влечен, или станува збор за траги од падот.

Си-Ен-Ен сега пренесува дека истиот тим пронашол ист таков објект, само на 200 метри од првиот. Тимот на Линдберг планира да испрати специјална подморница на дното и да испита за што станува збор. /крај/дн/ст


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

  • Photo Story

    Камен темелник на ф...

  • Photo Story

    Свечена академија п...

  • Photo Story

    Иванов во посета на...

  • Photo Story

    Воена парада на Ден...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари