03 февруари 2012 - 01:42 PM
Новак добива восочна фигура
Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ следната недела ќе присуствува на претставување на неговата восочна фигура во Музејот во Јагодина.
Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ следната недела ќе присуствува на претставување на неговата восочна фигура во Музејот во Јагодина.
Фигурата ја изработил белградскиот вајар Светомир Радовиќ, а Новак во восок ќе биде во оригинален дрес и патики, како и рекет кој е оштетен кога го фрлил на еден од мечевите.
Идејата и одлуката за изработка на восочна фигура ја донел градоначалникот Драган Марковиќ кој истакнал дека оваа фигура ќе донесе многу туристи во Музејот.
Лани Музејот на восочни фигури го посетиле 700 000 илјади туристи. Тој е отворен 2008 година и има околу 30 експонати. Крај.б92.км
Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.
0
0
Насловна