Спорт
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
Американската УФЦ-ѕвезда, Џастин Гетџи, вели дека мајка му ќе може да престане да оди на работа по неговиот саботен мегамеч против Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 254 бидејќи тој ќе заработи доволно за да си ја осигури иднината.
Се очекува Гетџи да заработи над 3 милиони долари, без разлика дали ќе успее да го победи шампионот во лесна категорија, Нурмагомедов на Островот на борбите во Абу Даби. Неговата мајка Каролина, која по потекло е Мексиканка, работи во пошта.
„Моите родители никогаш не летале надвор од САД, а сега пристигнаа со бизнис-класа. Мојот татко Џон се пензионира пред неколку години откако 37 години работеше во рудник за бакар. А мојата мајка ќе оди во пензија по овој меч. Кога ќе почне мечот, тоа ѕвонче на почетокот ќе осигури таа да може да се пензионира по 35 години работа. Сите пари што ги заработуваа одеа кај мене и кај моите браќа и мојата сестра за да добиеме шанса“, вели Гетџи.
Американецот има скромно потекло од Сафорд, Аризона, каде што израсна со својата сестра и братот близнак и признава дека не било лесно.
„Живеевме на два часа од кој било град. Кога одевме да купуваме алишта за училиште, беше како празник за нас бидејќи возевме два-три часа. Знам колку финансиски им тежеше тоа и нема подобро чувство од тоа да си способен да го вратиш тоа“, вели Гетџи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Колегите го избраа Џејмс за МВП
Кошаркрот на Монако, Мајк Џејмс, според неговите колеги од Евролигата, треба да го добие признанието за МВП на сезоната.
Порталот „Баскет њу“з направи анкета во која учествуваа 35 кошаркари, а Џејмс доби 76 отсто од гласовите. Гласови добија и Факундо Кампацо, Торнике Шенгелија, Најџел Хејс-Дејвис, Вејд Болдвин и Џанан Муса.
Тоа не е единственото прашање што „Баскет њуз“ им го постави на испитаниците.
Најдобра петорка: Кампацо, Џејмс, Болдвин, Хејс-Дејвис, Лесор.
Втора петорка: Ларкин, Хауард, Питерс, Монеке, Весели.
Тренер на годината: Ергин Атаман (28 отсто од гласовите), Шарунас Јасикевичиус (24 отсто), Чус Матео (12 отсто).
Дебитант на годината: Коди Милер-Мекинтајр
Пробив на годината: Чима Монеке
Најдобар одбранбен играч: Томас Вокуп (24 отсто од гласовите), Џеријан Грант и Џон Браун (по 20 отсто)
Ѕвезда во подем: Габриеле Прочида (41,7 отсто), Тарик Биберовиќ (25 отсто)
Евролигата, добитникот на наградата ќе го објави пред фајналфорот кој од 24 до 26 мај ќе се одржи во Берлин.
Спорт
(Видео) Силва потврди дека заминува од Челзи
Тиаго Силва потврди дека ќе го напушти Челзи на крајот на сезоната. Договорот на бразилскиот фудбалер со „сините“ истекува во јуни.
Во пораката што ја објавија официјалните профили на Челзи на социјалните мрежи, Силва потврди дека на крајот од сезоната го напушта „Стемфорд Бриџ“.
„Челзи ми значи многу. Дојдов во клубот една година, а на крајот испадна дека останав четири“, изјави Силва, а потоа продолжи:
„Моите синови играат во академијата на Челзи, што ме прави неизмерно горд. Се надевам дека ќе остат тука и по моето заминување и ќе станат дел од клуб кој негува победнички менталитет. Мислам дека јас лично го дадов максимумот во овие четири години“.
Дефанзивецот истакна дека и во иднина ќе продолжи да соработува со Челси.
„За жал, како што знаеме, се има почеток, средина и крај. Сепак, се надевам дека ова дефинитивно не е крај за мене со клубот. Би сакал да бидам дел од него и во иднина, но во поинаква улога“, вели меѓу другото бразилскиот ветеран во видеото.
Силва дојде во Челзи во 2020 година од Пари Сен Жермен, а претходно играше за Милан, Флуминенсе, Динамо Москва, Б тимот на Порто, Хувентуде и бразилскиот Футебол.
Four years, countless memories.
A message from Thiago Silva… pic.twitter.com/f2YbB4GMXY
— Chelsea FC (@ChelseaFC) April 29, 2024
Спорт
Лазаров го објави спискот за баражот со Фарски Острови
Фото/ macedoniahandball.com.mk
Селекторот на на Македнија, Кирил Лазаров го скрати списокот на ракометари за бараж натпреварите со Фарски Острови, за пласман на Светското првенство, кое во јануари наредната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.
На спиското на селекторот има само тројца интернационалци (Никола Митревски, Филип Талески и Никола Костески), сите останати настапуваат во домашното првенство.
Собирот на репрезентацијата е закажан за 3 мај во Скопје. Првиот натпревар, Македонија ќе го одигра на гостински терен на 8 мај со почеток во 20:00 часот , а ревашот е четири дена подоцна во Скопје.