Спорт
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
Американската УФЦ-ѕвезда, Џастин Гетџи, вели дека мајка му ќе може да престане да оди на работа по неговиот саботен мегамеч против Хабиб Нурмагомедов на УФЦ 254 бидејќи тој ќе заработи доволно за да си ја осигури иднината.
Се очекува Гетџи да заработи над 3 милиони долари, без разлика дали ќе успее да го победи шампионот во лесна категорија, Нурмагомедов на Островот на борбите во Абу Даби. Неговата мајка Каролина, која по потекло е Мексиканка, работи во пошта.
„Моите родители никогаш не летале надвор од САД, а сега пристигнаа со бизнис-класа. Мојот татко Џон се пензионира пред неколку години откако 37 години работеше во рудник за бакар. А мојата мајка ќе оди во пензија по овој меч. Кога ќе почне мечот, тоа ѕвонче на почетокот ќе осигури таа да може да се пензионира по 35 години работа. Сите пари што ги заработуваа одеа кај мене и кај моите браќа и мојата сестра за да добиеме шанса“, вели Гетџи.
Американецот има скромно потекло од Сафорд, Аризона, каде што израсна со својата сестра и братот близнак и признава дека не било лесно.
„Живеевме на два часа од кој било град. Кога одевме да купуваме алишта за училиште, беше како празник за нас бидејќи возевме два-три часа. Знам колку финансиски им тежеше тоа и нема подобро чувство од тоа да си способен да го вратиш тоа“, вели Гетџи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дагнолт тренер на сезоната во НБА лигата
Тренерот на Оклахома сити Тандер, Марк Дагнолт е прогласен за најдобар тренер во НБА, објави лигата.
Во својата четврта сезона на клупата на Оклахома, Дагнолт го предводеше тимот до првото место во регуларниот дел од сезоната, Западната конференција со 57 победи и 25 порази.
Тој освои 89 од можните 100 гласови и со вкупно 473 поени стана вториот тренер на Оклахома, по Скот Брукс, кој го освоил ова признание.
Дагнолт наградата ја доби пред колегите од Минесота и Орландо, Крис Финч и Џамал Мозли.
Финч со Минесота го освои третото место на Западот со скор од 56 победи и 26 порази, а во првото коло од плеј-офот Минесота го елиминира Феникс и се пласираше во конференциското полуфинале.
Мозли го предводеше Орландо до петтото место во Источната конференција со 47 победи и 35 порази.
Спорт
(Видео) Ри-брејк на Клиперси, Минесота го почисти Феникс, Индијана води против Милвоки
ЛА Клиперс направија ри-брејк, откако во фантастичен натпревар победија во Далас. Резултатото во оваа сероја сега е 2:2. Минесота преку Феникс се пласираше во полуфиналето на Западот. Вулвс ги почистија Феникс Санс со 4:0. Пред елиминација се и Милвоки Бакс, кои губат во серијата од Индијана со 3:1.
Пред три години во големото финале играа Феникс Санс и Милвоки Бакс. Оттогаш, тие направија големи промени во тимовите со надеж за дополнително подобрување, но тоа не се случи. Минесота го победи Феникс со 122-116, додека Бакс доживеаја пораз од Индијана 126-113.
Бакс од почетокот на серијата се без својот најдобар играч Јанис Адетокумбо, во натпреварот број4 беа и без Демијан Лилард и двајцата се под знак прашалник за петтиот натпревар во Милвоки.
Индијана постигна 22 тројки, што е тимски рекорд во плеј-офот, а повторно блескаше Мајлс Тарнер со 29 поени, а Тајрис Халибартон додаде 24 поени.
На другата страна најефикасен беше Брук Лопез со 27 поени и девет скока, Крис Мидлтон уфрли 25 поени.
Мидлтон го повреди скочниот зглоб во второто полувреме, Пет Конатон ги повреди ребрата, а Боби Портис беше исклучен на средината на првото полувреме во кое имаше шест технички грешки.
Минесота го совладаа Феникс со 122-116 на крилата на 40 поени на Ентони Едвардс .
Карл-Ентони Таунс постигна 28 поени, а МекДаниелс додаде 18 (две важни тројки на крајот). Вулвс во полуфиналето го чекаат победникот од серијата меѓу Далас и ЛА Лејкерс.
Со само двајца играчи Санс не можеа да се носат со Минесота. Фантастичниот Девин Букер постигна 49 поени, со девет скока и шест асистенции, а Кевин Дурент забележа 33 поени, девет скока и пет асистенции.
Нестварен меч одиграа Далас и ЛА Клиперс. Победија гостите од Лос Анџелес со 116:111. Далас, на крилјата на Кајри Ирвинг успеа да се врати од минусот од 31 поен и на две минути до крајот да дојдат до предност (105:104).
Налетот Клиперси го одбија со нестварната тројка на Пол Џорџ и симултанката која Џејмс Харден ја одигра во последните три кминути од натпреварот.
Харден и Џорџ постигнаа по 33 поени. Харден 13 од нив постигна во последните три минути.
Далас го предводеше Ирвинг со 40 поени, Лука ДОнчиќ имаше лоши проценти на реализиција, но забелржа трипл дабл од 29 поени и по 10 скока и асистенции.
Спорт
Пари Сен Жермен повторно е шампион на Франција
Фудбалерите на Пари Сен Жермен на три кола до крајот обезбедија нова титула во Лига 1.
„Светците“ во саботата одиграа 3:3 против Авр, но Лион во неделата победи против Монако и со тоа им ја обезбеди титулата на тимот на Луис Енрике.
ПСЖ има 70 бодови, 12 повеќе од Монако.
За ПСЖ ова е 12-та титула, трета по ред. Во последните 12 години, ПСЖ не беше шампион на Франција само во 2017 (Монако) и 2021 година (Лил).
До крајот на сезоната ПСЖ ќе се фокусира на полуфиналето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, како и финалето на Купот против Лион.